• Latest

Шилегов: Следи цeлосна трансформација на Градот и на јавниот градски превоз

November 1, 2019
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов: Следи цeлосна трансформација на Градот и на јавниот градски превоз

November 1, 2019 10:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се наоѓаме на половина од мојот мандат. Две години сме заедно. Ги решаваме проблемите коишто ги затекнав чекор по чекор. Ги решаваме на начин којшто ќе овозможи Скопје да стане град каков што веројатно секој од нас потајно го посакува, порача синоќа градоначалникот на Град Скопје на трибината „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“.

Вети целосна трансформација на Градот, сосема поинаков јавен превоз, поголема грижа за зеленилото и третманот на комуналниот отпад, доизградба на велосипедски патеки на сите делови од Скопје дури и на Пластичарска улица, пошумување на Водно, интегрирано и инклузивно образование за сите, похуман третман на бездомните животни…

 

-Во нашиот град ќе имаме јавен транспорт на 21. век којшто ќе продуцира емисија на нула штетни госови во атмосферата за што по наша прооценка се потребни околу 100 милиони евра. Ќе го развиваме паралено по двете главни трансферзали, исток – запад и север – југ, односно Ново Лисиче – Ѓорче Петров и Кисела Вода – Бутел. Системот подразбира дека на секој три ипол до четири минути ќе имаме по едно возило на станица и дека тој сообраќај ќе биде физички издвоен од останатиот сообраќај. Автобуските линии како што ги знаеме повеќе нема да постојат, туку ќе има линии за снабдување кои ќе ги носат граѓаните до првата допирна точка со главните трансферзали и од таму ќе можат да се транспонираат и да стасаат на посакуваната дестинација, рече Шилегов.

Тоа, потенцира, овозможува да го направиме нашиот центар забранет за движење на автомобилскиот сообраќај.

-Во наредната година ќе бидеме сведоци на почеток на целосна трансформација на сообраќајот во малиот и средниот ринг во нашиот град, со сериозни инфраструктурни зафати коишто ќе овозможат современи сообраќајни решенија за движење на граѓаните и на јавниот транспорт. На крајот на мојот мандат сето тоа ќе биде завршено и ќе можеме да зборуваме за едно сосема поинакво Скопје. Паралелно со сообраќајот ќе го промовирами и актуелизираме системот на алтернативен транспорт, посочи Шилегов.

 

Вети пошумување на Водно за што, како што рече, веќе е направена спецификација, а во соработка со Шумарскиот факултет е изработена и студија за типот и видот на дрвја кои откако ќе бидат засадени нема да бидат уништени.

-Постапката започнува и некаде во пролетното садење ќе бидеме заедно кога ќе го пошумуваме Водно. Второ, оваа пролет сме на средина со студијата за Водно која ќе придонесе планината да биде дел од активниот живот на скопјани со посебно означени патеки, со патеки за велосипедисти, патеки за пешаци, набљудувачници и секој тип адреналински парк. Некаде до средината на летото наредната година сето тоа ќе биде атрактивно за луѓето да бидат таму.  Пред Нова година ќе го добиеме документот и на пролет ќе почнеме да го спроведуваме, со 450 илјади евра ќе влеземе во сериозна урбанизација, натурализација – правење на содржини на планината без да имаме деверзација на растителниот и животинскиот свет таму, истакна Шилегов.

 

Градот Скопје, додаде, сериозно се занимава со инклузивноста и интегрираноста во процесот на образованието.

-Во текот на минатата година како институција продуциравме сертифицирани асистенти на лица со попореченост за да можеме нив да ги вклучиме во процесите на настава. Во училишта изградивме посебни тоалети, во две или три имаме и лифтови, со цел училиштето да биде достапно за секое дете со попреченост…. Минатата година започнавме и со реализација на пилот проект за интегрирано образование. Мојата желба и идеја беше дека децата треба да се запознаат. Всушност различностите не прават исти колку и да звучи апсурдно. Иако сме различни, сепак сме слични дури и во религијата. Моја желба е тоа да се промовира. Пред два дена на Советот усвоивме најбитен документ во овие две години – Интегрирано образование на сите средношколци, за децата да се запознаат едни со други. Тогаш многу повеќе се сакаат, почитуваат и се помагаат без разлика на етничките, религиските различности. Скопје нека биде град на интегрираност. Да не зборуваме за една или друга страна на Вардар, да зборуваме за едно единствено Скопје, нагласи Шилегов.

 

Порача декамногу брзо во Градот ќе бидат промовирани контејнери за селектриање комунален отпад и додаде дека од околу 560 контејнери што се набавени досега се презентирани околу стотина.

-Многу бргу ќе бидат промовирани и контејнерите за селектирање на отпад. Годинава е само почеток на имплементација на тотално новиот концепт на третман на комуналниот отпад во нашиот град. Мојата идеја е секоја зграда да има свој контејнер пред својот влез. Дрисла мислам дека конечно ќе успееме да ја земеме во владение. Сметам дека за три до пет години отсега ќе ја имаме целосната инфраструктура за да можеме да воведеме целосно селектирање на отпадот. Јавноста ќе сведочи на здружување на инспекциски тимови на Градот и на градските општини и ќе започнеме со казнување, посочи Шилегов.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ