Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вечерва одржа маалски средби со граѓаните од Општина Сарај, соопштија ос СДСМ
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов посочи дека во Сарај се инвестира повеќе во споредба со некои минати времиња.
„Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари, посочи Шилегов.
Тој информираше и за инвестициите во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 5 милиони денари, реконструкцијата на средното училиште Сарај и дополнителното опремување на новата спортска сала на ова училиште. Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Сарај засадени се повеќе од 200 садници и озеленети се околу 1,300 метри квадратни нови зелени површини, а исчистена е и депонијата кај Рашче.
„СДСМ работи заедно со граѓаните на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. Заедно ги креираме политиките на развој, напредок и подобар живот за сите. Тоа е нашиот пристап, за нас секоја општина е важна“, посочи Шилегов.
СДСМ продолжува со маалските средби при што заедно со граѓаните создава понуда најдобра за секоја општина, за секој град, соопштија од владејачката партија.