Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со кандидатот за Градоначалник на Општина Шуто Оризари Ферат Асан вечерва одржаа маалски средби со граѓаните од оваа општина.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека во Шуто Оризари се инвестира за прв пат по подолго време. Тој ги наброја реконструираните улици во општината, инвестициите во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 13,5 милиони денари, реализираното партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето Шаип Јусуф и асфалтирањето на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари, додава Шилегов.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и озеленети се 210 жардињери.
СДСМ продолжува со маалските средби со цел заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град.
Денеска потпретседателите на СДСМ, Венко Филипче, Мила Царовска и Оливер Спасовски ќе остварат средби со граѓаните од општина Аеродром, Кисела Вода односно Македонска Каменица.
Членовите на ИО на СДСМ, Благој Бочварски Јована Тренчевска и Никица Бачовски ќе се сретнат со жителите во Виница, Ростуше и Новаци, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ ќе оствари средби со граѓаните во Центар, а пратеничката Фаница Николовска со жителите во Желино.
Претседателот на Комисија за спорт Наумче Мојсовски ќе се сретне со жителите во Ресен, а претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ со граѓаните во Демир Капија.
Партиски претставници ќе бидат меѓу граѓаните во Карпош, Чаир, Дојран и Чашка.