• Latest

Шкријељ: Ако ВМРО-ДПМНЕ има искрена желба да се спротивстави на омразата, фашизмот, дискриминацијата ќе го поддржи законското решение за политичките партии

October 20, 2022
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шкријељ: Ако ВМРО-ДПМНЕ има искрена желба да се спротивстави на омразата, фашизмот, дискриминацијата ќе го поддржи законското решение за политичките партии

October 20, 2022 11:18
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со едногласна поддршка пратениците во Соборанието, во вторник, гласаа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓански здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ.

И двата предлога доаѓаат како реакција на отворањето на клубот „Ванчо Михалјов“ во Битола и „Цар Борис 3“ во Охрид, за кои имаше бурни реакции во јавноста за нивното именуање по личности познати по нивните нацистички и фашитички убедувања.

На оваа тема разговараме со независната пратеничка, Санела Шкриjељ.

ЦИВИЛ Медиа: Каков е кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ да дава предлог-измени на законот за граѓански здруженија, кога до пред само неколку години спроведуваше судско-полициски прогон и медиумска хајка против нив? Впрочем, партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ до ден-денешен се служи со погрдни и клеветнички изрази, како „предавници“, „странски платеници“ и други изрази.

Шкријељ: Како некој што доаѓа од граѓанскиот сектор апсолутно ми е познат ставот на опозиционата партија кон граѓанските организации. И не би рекла во далечното минато, сѐ уште имаме примери на хајка против граѓански организации. Меѓутоа, во овој случај, ако зборуваме за конкретниот предлог за Измени и дополнувања во Законот за граѓански здруженија и фондации, она од што ние тргнуваме и сметаме дека секогаш треба да имаме таков одговорен пристап кон државата првенствено е токму тоа, интересот на граѓаните и на државата. Од тие причини решивме, по најавите на колешката Мизрахи дека ќе поднесе такви измени, дека ќе ги подржиме тие измени затоа што се однесуваат на темелите и основните вредности на нашата држава. Сами посочивте, кредибилитетот на опозиционата партија да зборува за овозможувачка средина за слободно делување на граѓанските организации и малтене непостоечки.

ЦИВИЛ Медиа: Кога веќе се носат измени за невладините организации, логично е и партиите да се обврзат на принципите за борба против национализмот, фашизмот и омразата. Кој е Вашиот личен став (и ставот на партијата/институцијата/организацијата) што ја претставувате?

Шкријељ: Самите коментари на опозицијата за плагијат или нешто слично зборуваат за еден друг однос. Ако ние тргнавме од вредностите што треба да ги негуваме во нашата држава, не слушнавме дека имавме таква реторика во однос на овој предлог за изменување на Законот за политички партии. Политичките партии се еден вид на здружување, меѓутоа имаат многу поголема одговорност во однос на она што значи управување со државата. Од тие причини сметавме, особено имајќи предвид дека имаме политички субјекти коишто се повикуваат во своето делување на континуитет, а тој нивен континуитет опфаќа дел од историските личности коишто се сега спорни, а кои негувале поинакви вредности. Очекуваме, дека доколку навистина има искрена желба и заложба од  опозиционата партија да се спротивстави на тие вредности, на нетолеранција, омраза, дискриминација, фашизам, да го поддржи ова законско решение. Нашата идеја беше тргнувајќи токму од тоа дека политичките партии имаат и тоа како поголема одговорност затоа што заложбата и борбата е да бидат на власт и да управуваат со институциите споредено со граѓанските здруженија.

ЦИВИЛ Медиа: Дали постои некое законско решение, дали овој закон тоа го опфаќа, ако решат да не ги испочитуваат законските обврски, да не ја сменат програма или ако ја сменат, на хартија, да не ја елаборираат во јавност, односно да продолжат со истата националистичка реторика, фашистичките и други наративи?

Шкријељ: Предлогот што е доставен и е во собраниска процедура, значи е предлог и внатре има временски рок во којшто треба да се услогласат политичките субјекти во тој дел. Меѓутоа е предлог. Допрва треба да оди на матичните комисии и е нешто што ќе се разговара и ќе се прецизира, се надевам со консензус на сите политички субјекти. Поставивте едно многу битно, за мене круцијално прашање, а тоа е нашата одговорност како политички субјекти во изјавите и јавните настапи. Значи ние можеме да имаме, во некои делови и имаме добра регулатива на хартија, меѓутоа доколку ние не сфатиме, особено политичките субјекти, јавните функционери, ние како пратеници и пратенички тука во Собранието, која е тежината на нашиот збор и дека пораката што ја испраќаме кон јавноста е токму тоа, не она што го пишува во програмите, туку она што го застапуваме и елаборираме во нашите јавни настапи, навистина нема да направиме помак. А ние сме сведоци, јас тоа отворено сум го кажала многупати, дека Собранието и тоа како знае да биде место каде што се практикува говор на омраза кон другите етнички заедници, кон особено ранливи групи, кон жените, кон ЛГБТИ+ заедницата… Сето тоа е она што сакаме да го превенираме со овие законски измени. Така што навистина сметам дека клучното ќе биде дали политичките субјекти ќе бидат доволно одговорни, кога ќе застанат на јавна говорница, вклучително и тука во Собранието да внимаваат на пораките што ги испраќаат во јавноста.

Биљана Јордановска

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ