• Latest

„Шпигел“: Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во ЕУ

November 19, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Шпигел“: Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во ЕУ

November 19, 2020 09:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Направивме многу изминатите три години во насока на нашиот напредок на патот на европската интеграција. Потпишавме Договор со Грција, го сменивме Уставот и името на државата. Исто така го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година. Со овие договори покажавме дека навистина можеме да се однесуваме со европски манири. И сега Бугарија се однесува спротивно на европските манири и бара од нас да се декларираме дека ние, Македонците имаме бугарски корени и дека нашиот јазик е западно-бугарски дијалект. Тоа не можеме да го прифатиме, истакна премиерот Зоран Заев за германскиот весник „Шпигел“.

Весникот под наслов „Нација без дозвола на соседот“ објави напис во кој наведува дека Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но во континуитет нејзините соседни земји го блокираат почетокот на преговорите за членство. Најпрво земјата требаше да го смени името под притисок на Грција, сега за неа нови услови поставува Бугарија, потсетува весникот.

-Некои националисти ги сметаат за Грци, кои говорат на словенски јазик. Други ги сметаат за јужносрби или западни Бугари. На Македонците во поновата историја воопшто не им било лесно да бидат признати како посебна нација, со посебен јазик. До ден денес Македонија од нејзините соседи, Грција, Србија и Бугарија се смета за конструкција и вештачка нација, пишува „Шпигел“.

Истакнува дека бугарската Влада во моментов сака да докаже дека „македонското прашање“ – едно од клучните политички прашања во историјата на Балканот, не треба да биде само предмет на дискусија на историчарите. Бара Северна Македонија официјално да објави дека македонската нација има бугарско потекло и дека македонскиот јазик всушност е западно-бугарски дијалект.

Се додека властите во Северна Македонија не го прифатат ова, пишува „Шпигел“, Бугарија нема да даде согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Потсетува дека одлуката за продолжување на процесот требаше да се донесе во вторникот, на Советот за општи работи, но оти Бугарија претходно најавила дека ќе ја блокира одлуката за усвојување на преговарачката рамка. По состанокот бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева порача дека Северна Македонија не ги исполнува условите.

Во поднасловот „Дали Бугарија го злоупотребува правото на вето?“, весникот нагласува дека откако Унгарија и Полска ставија вето на буџетот на ЕУ, Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во Унијата.

-Бугарија прави преседан во политиката на проширување на ЕУ. Земјата гротескно го користи својот поглед на историјата како политичко оружје против соседната земја, нагласува „Шпигел“.

Весникот пишува дека Северна Македонија е држава со околу два милиони жители, која ги исполни сите технички услови за почеток на преговорите за влез во ЕУ, а во случајов станува збор за тоа како поединечни земји-членки го злоупотебуваат своето право на вето во интерес на домашните националистички кампањи. Притоа со таквите постапки, додава весникот, сериозно го нарушуваат кредибилитетот на ЕУ во регионот на Западен Балкан.

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Шпигел’“ изразува разочарување од бугарскиот став, кој го оценува како „апсурден и смешен“.

-Ние себе си се сметаме за Македонци. Нашиот јазик е кодифициран во 1945 година и е признат во ОН од 1977 година. Големо разочарување за нас е што нашите бугарски браќа, со кои имаме многу заеднички нешта, не блокираат на нашиот пат. Секако дека ние имаме право на сопствен национален идентитет, вели Заев.

Тој за „Шпигел“ нагласува дека можеби остатокот од Европа нема да го разбере овој спор, но напоменува дека тој содржи во себе „лоша и горчлива“ порака за иднината на Европа, бидејќи задира во фундаменталните европски вредности, како мултиетничноста и мултијазичноста.

Весникот потсетува дека Северна Македонија е официјално земја кандидат веќе 15 години. Долго време, додава „Шпигел“, евроинтегративниот пат на земјава беше блокиран од Грција, која ја обвинуваше Македонија дека има територијални претензии кон истоимениот северен грчки регион.

-Спорот за името, сепак, во суштина имаше врска со грчката внатрешна политика, а не со наводните претензии на Македонија, заклучува „Шпигел“.

Минатата година Франција беше таа што го блокираше почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, барајќи промени во методологијата за проширување на ЕУ. Новата методологија е усвоена, но сега за Северна Македонија, најновата препрека е Бугарија, додава „Шпигел“.

Весникот потсетува на Договорот од 2017 што го потпишаа Северна Македонија и Бугарија и нагласува дека е постигнат значителен напредок во односите меѓу двете земји, но додава дека неодамна Софија излегла со нови барања.

Како што пишува весникот, премиерот Заев се сомнева дека сето ова е поттикнато од внатрешно-политички причини. Во Бугарија се случуваат неколкумесечни антикорупциски протести против Владата на премиерот Бојко Борисов, а Бугарија напролет следната година ќе се соочи со парламентарни избори.

Уште една шанса во декември за одржување на првата Меѓувладина конференција има за Северна Македонија, но сепак како што пишува „Шпигел“ неизвесно е дали Бугарија ќе попушти пред своите барања.

-За нас нема алтернатива за ЕУ и европските интеграции. ЕУ треба да биде свесна дека напредокот на нашата интеграција е силна мотивација за нашата земја и за нашето општество. Доколку оваа мотивација исчезне, не само што ќе го успорни процесот на спроведување реформи, но исто така ќе се соочиме со раст на нов, радикален национализам, кој како што често покажува историјата на Балканот, може да се претвори во насилство, нагласи Заев за „Шпигел“.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ