• Latest

Штајнмајер до пратениците: Продолжите да чекорите решително по патот на пристапниот процес, не скршнувајте на последните метри

November 29, 2022

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Штајнмајер до пратениците: Продолжите да чекорите решително по патот на пристапниот процес, не скршнувајте на последните метри

November 29, 2022 17:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска германскиот претседател Франк Валтер-Штајнмаер беше ислушан со голем аплауз. Ги потсети пратениците на зборовите на Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Атиџе Муратовска. Побара од нив да водат дебати, но да продолжат да носат тешки одлуки и да не скршнуваат од европскиот пат.

Свесен сум дека патот кон Европската Унија е сè освен лесен, дека довербата и трпението во преговорите ќе бидат оптоварени, но мојата молба до вас пратеници, но и до сите граѓани на Северна Македонија е да продолжите да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри, се обрати Штајнмајерпред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

Тој порача дека му претставува чест што денеска се обраќа од местото каде што на 16 јули оваа година Собранието испиша историја.

Ја донесовте одлуката што сигурно не беше едноставна за никој од вас за гласање на протоколот со Бугарија за да продолжите да чекорите по европскиот пат. Сликата како се вееја македонското знаме и знамето на ЕУ, таа слика во Германија ја примивме со радост и длабока почит кон вас и кон целата ваша земја. Ги видовме и другите слики, блокадите во собранието и демонстрациите против францускиот предлог, порача шефот на германската држава.

Протоколот со Бугарија и потребната уставна промена, како што посочи, ги засегаат луѓето бидејќи се работи за прашања од националниот идентитет, македонска историја, јазикот и културата.

Мислам дека вие може самоуверено да ги водите овие дебати. Луѓето на Северна Македонија, вие одредувате што ја сочинува вашата земја и вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и како треба да изгледа во иднина, истакна Штајнмајер.

Оваа уставна промена, посочи дека е повеќе од собирање политички поени и станува збор за повеќе од партиско политичко или лично профилирање.

За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор. Можам да ве уверам имаме голема почит кон вашата земја како резултат на вашиот крајно трнлив пат кон ЕУ. Вашата земја докажа политичка храброст. Охридскиот и Преспанскиот договор покажуваат дека вашата земја го владее тоа што е најтешка задача во демократијата воопшто, да се водат болни дебати, да се решаваат дебати и да прифаќаат компромиси, додаде германскиот претседател.

Во своето обраќање се осврна и на руската агресија врз Украина, што како што вели, не ја подели Европа, туку уште повеќе ја зближи.

Северна Македонија како член на НАТО покажа дека е сигурен партнер за Украина, но и за сите нас во Европа, истакна Валтер-Штајнмајер и додаде дека особено го радува тоа што на 1 јануари 2023 година земјава ќе го преземе претседателството со ОБСЕ. Порача дека интензивните билатерални односи помеѓу двете земји и понатаму ќе доживуваат подем, особено во економскиот дел.

Во своето обраќање, германскиот претседател Штајнмајер ја истакна и потребата на Европа од земјите од Западен Балкан.

Пред сите нас има огромни задачи, како борбата против климатските промени, социјална и еколошка трансформација, последиците од руската агресија, солидарноста во Европа. Овие предизвици може полесно да се совладаат преку сигурни партнерства, Германија и ЕУ стојат на страната на Северна Македонија. Поаѓаме од тоа дека нашиот пат и понатаму ќе биде заеднички пат, порача германскиот претседател.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ