„Верувам дека Владата заедно со Советот на Општината ќе изнајде решение кога е најдобро, но пред сè во консултации со Министерството за здравство. Дали е најдобро да се оди на избори сега октомври-ноември или во февруари затоа што рокот е в.д. градоначалник да има најмногу шест месеци и после да се оди на избори. Верувам заедно ќе ја утврдиме одлуката и после ќе се оди на избори“, изјави денеска Заев за изборот на нов градоначалник во Штип по преземањето на министерска функција од досегашниот.
Благој Бочварски се очекува во понеделник веќе да го заземе мнистерското место во Министерството за транспорт и врски, по што штипјани во рок од 6 месеци ќе мора да бира нов градоначалник.