ЗОРАН ИВАНОВ
Слушнавте ли, Орбан ќе ургирал, ќе им помагал да се деблокирала блокадата за ЕУ, ќе се заложел за нас, не кажаа каде тоа ќе се залага, во Софија или во Брисел, но сеедно, важно ќе помагал, еее, пуста Македонијо, па Орбан да сакаше да им помогне, да сакаше да се заложи за нив и за сите нас, за Македонија, немаше Орбан завчера да гласа ЕУ Албанија да ја откачат од нас и да нè остават со БиХ и со Косово, Орбан ќе помагал, Орбан, а за тоа другото дека само Софија и опозицијата овдешна се радувала за тоа откачување, што да се каже, за таква зелена не вреди да се трошат букви во оваа една реченица.