• Latest

Што добиваат македонските граѓани од ЕУ преку „Планот за раст за Западен Балкан“?

April 19, 2024

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Што добиваат македонските граѓани од ЕУ преку „Планот за раст за Западен Балкан“?

April 19, 2024 19:22
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на седницата во вторникот ја усвои Нацрт реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и ја усвои усогласената верзија на Нацрт реформската агенда. Ажурираната Нацрт реформска агенда се споделува со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна, со ЕУ, објави Градска.мк.

Усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Македонија и ЕУ ќе продолжи и во наредниот период и треба да се заврши најдоцна до 26 април 2024 година, а финалната верзија на Реформската агенда да се усвои најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од ЕК ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата за нашата држава, од вкупно 850 милиони евра.

Реформската агенда е важна, бидејќи државите членки на ЕУ не сакаат да го поддржат финансискиот пакет, без да биде усвоена реформската агенда, затоа што на овој план гледаат како на механизам за забрзување на реформите, нешто што подолго време се укажува дека земјите од ЗБ не прават доволно реформи. Механизмот е да направат повеќе реформи за да добијат повеќе средства и повеќе пари.

На 8 ноември 2023 година, Европската комисија усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да се истакнат некои од предностите на членството во регионот пред влезот во Европската Унија, зајакнување на економскиот раст и забрзување на многу потребната социо-економска конвергенција.

Новиот план за раст за Западен Балкан се заснова на 4 столба, чија цел е:

1. Подобрување на економската интеграција со единствениот пазар на ЕУ во зависност од усогласувањето на Западен Балкан со правилата на единствениот пазар и отворањето на релевантни сектори и области за сите соседи во исто време, во согласност со заедничката регионален пазар.

Се предлагаат 7 приоритетни области:

слободно движење на стоки;
слободно движење на услуги и работници;
пристап до единствената област за плаќање во евра (SEPA);
олеснување на патниот сообраќај;
интеграција и декарбонизација на енергетските пазари;
единствен дигитален пазар;
интеграција во индустриските синџири на снабдување.

2. Поттикнување на економската интеграција во рамките на Западен Балкан преку заеднички регионален пазар, заснован на правила и стандарди на ЕУ, што потенцијално би можело да додаде 10% во нивните економии.

3. Забрзување на фундаменталните реформи, вклучително и фундаменталниот кластер, поддршка на патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ, промовирање одржлив економски раст, вклучително и привлекување странски инвестиции и зајакнување на регионалната стабилност.

4. Зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година, предлог за нов инструмент вреден 6 милијарди евра, кој се состои од 2 милијарди евра грантови и 4 милијарди евра поволни заеми, со плаќање кое е условено со исполнување на конкретни социо-економски и суштински реформи од страна на партнерите од Западен Балкан.

Што носи планот за раст за граѓаните

Бесплатна Интернет мрежа на јавни простори, пристап до Европската платежна област – СЕПА, зелени ленти на граничните премини, вклучување во европските центри за дигитални иновации, како и вклучување во медицинските набавки на ЕУ, се само дел од придобивките што ќе ги добијат граѓаните и компаниите со Планот за раст за Западен Балкан.

Планот за раст е можност за развој на компаниите, мобилност на младите, за посуштински секојдневни релации со членките од ЕУ, суштинско вклучување во пазарот на ЕУ. Борба против корупцијата и воспоставување подобар систем на владеење на правото, но и јасната порака од ЕУ дека сакаат да ги видат нашите граѓаните и држави внатре во Унијата.

Финансиската помош ќе биде поврзана со реформската динамика во секоја држава.

Со Планот за раст треба значително да се забрза ефектот од сите социо-економски придобивки од пат на земјава кон полноправно членство, и ова треба да биде надополнување и поддршка на процесот на преговори, не треба да биде негова замена, не треба да биде во судир со него, треба да биде како поддршка и надополнување на тој процес, беше посочено на брифингот.

Исплатата на средства од Планот за раст предвидено е да се случува два пати годишно, а за Македонија приоритетите што беа договорени со Реформската агенда се однесуваат на следните приоритетни области – Реформа во јавната администрација и управување со јавните финансии, Дигитална енергетска и зелена транзиција и вложување во човечки капитал, Деловно опкружување и Владеење на правото.

ЕУ со овој план се заложува да примени една од најголемите инвестициски стратегии и за интеграција на регионот преку заедничка соработка и помош од вкупно 6 милијарди евра, две милијарди во грантови, 4 милијарди во поволни заеми, со цел да се помогне во реформите поврзани со економското приближување до европскиот стандард и приближувањето до заедничкиот пазар.

Патоказите беа договорени во Тирана

На самиот на лидерите на Западен Балкан во Тирана на крајот на февруари ЕК презентираше 4 предлози со конкретни патокази, со кои постои реална можност за забрзано пристапување и тогаш беше усвоена заедничка изјава со која лидерите се обврзаа да започнат структуриран дијалог со ЕК и земјите-членки, со цел да се спроведе овој План за раст.

За време на тој самит се одржа и министерски состанок на министрите за европски прашања како и на министрите за финансии и таму беа презентирани патокази на Планот за раст како што е пристап до Единствената европска платежна област – СЕПА, тоа е учество на сите држави од Западен Балкан во платежната зона на ЕУ што значи олеснето и повтино плаќање на трговија и услуги меѓу ЕУ и Западен Балкан, што е важно за нашата дијаспора која редовно испраќа дознаки дома. Целта на оваа мерка е до крајот на 2024 државите да бидат подготвени за нејзина имплементација.

Втората мерка е подобрување и воспоставување зелени коридори и подобрена царинска соработка, или популарно наречените зелени ленти на граничните премини за возила кои носат производи или кои работат на трговија. Целта е да се намали времето на чекање, да се зголеми трговијата, а со тоа и економскиот развој. Она што е важно е што ова не го опфаќа само регионот на Западен Балкан, значи не се воспоставува само од државите од регионот, туку секоја држава што граничи со држави од ЕУ има право да побара, односно одбере еден граничен премин на кој ќе се воспостави зелена лента со државите членки од ЕУ. Северна Македонија побарала тоа да биде за граничкиот премин Богородица кон Грција и тоа било прифатено, беше појаснето на брифингот.

Третата мерка што беше презентирана во Тирана и на која сега се работи е – бежична Интернет мрежа за јавни простори за ЗБ (Wi-fi for Western Balkans), што треба да овозможи бесплатен Интернет пристап до граѓаните на јавни прстори и објекти во 500 општини во целиот регион, до крајот на годината со финансиска помош од ЕУ од 7,5 милиони евра. Сè уште се дефинира начинот на којшто ќе аплицираат општините. Се предлага тоа да биде на принцип прв дојден прв услужен, на јавен повик, но државава побарала да се прифати квота за секоја држава да има број на оштини кои ќе добијат грантови за бесплатен интернет на јавните простори.

Четвртата мерка е вклучување во европските центри за дигитални иновации што ќе овозможи забрзана дигитална транзиција на малите и средни претпријатија, на старт-апите и на јавниот сектор, а се разгледува и вклучување во стратешките медицински набавки на ЕУ, а тоа е да бидеме вклучени во системот на набавките на ЕУ за стратешките медицински производи.

-Ова е сериозна шанса и за конкретизација на европската агенда и за конкретни придобивки на граѓаните од процесот на пристапување кон ЕУ пред членство – тоа е основната цел на овој механизам на Планот за раст, исто така забрзан пристап кон ЕУ со што секој ден суштински ќе стануваме дел од европскиот систем, беше кажано на брифингот на СЕП со поддршка на УНОПС.

Приближување на економиите од Западен балкан до ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече: „Со усвојувањето на новиот План за раст за Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, ги приближуваме економиите на Западен Балкан до Европската Унија. Потенцијалот на овој План за раст е извонреден. Планот за раст би можел да ги удвои економиите на Западен Балкан во наредните години 10 години. Преку комбинација на реформи и инвестиции, тој ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи ги слободното движење на стоки, услуги и работници, единствената платежна област во евра, до транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар“.

Високиот претставник Жузеп Борељ истакна: „Новиот План за раст за Западен Балкан е важна понуда за нашите партнери што дава поттик за постигнување напредок во релевантните фундаментални и социо-економски реформи. Оваа понуда, исто така, може да го забрза напредокот на патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ. Секој од нашите партнери од Западен Балкан има можност да го стимулира економскиот раст и на крајот да добие пристап до единствениот европски пазар уште пред проширувањето. Ова е исто така во интерес на ЕУ како целина“.

„Планот за раст би можел да ги удвои економиите на Западен Балкан во следните 10 години“, Урсула фон дер Лајен.

Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји рече: „Новиот План за раст за Западен Балкан и новиот Инструмент за реформи и раст се засноваат на Економскиот инвестициски план (ЕИП) во износ од 9 милијарди евра кој беше успешно лансиран уште во 2020 година со што би се обезбедиле до 30 милијарди евра инвестиции. Нашиот нов План за раст од 6 милијарди евра нуди нова алатка насочена кон конкретни социо-економски и фундаментални реформи преку буџетска поддршка и насочени инвестиции кои ќе го олеснат патот кон единствениот пазар. Ова не само што ќе го забрза економскиот раст на Западен Балкан, туку и нивниот пат кон членство во ЕУ“.

Сега останува на Европскиот парламент и на Советот да го разгледаат предлогот на овој инструмент како дел од пакетот за среднорочна ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ. По усвојувањето, шесте партнери од Западен Балкан ќе бидат поканети да ги поднесат своите индивидуални реформски агенди во кои ќе бидат наведени социо-економските и фундаменталните реформи што ќе ги преземат за поттикнување на растот и конвергенцијата според Планот за раст во периодот 2024-2027 година. Србија и Косово треба конструктивно да се вклучат во дијалогот за нормализација на односите преку ЕУ, предводен од високиот претставник, како неопходен предуслов.

Економската конвергенција е суштински елемент за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Во моментов, нивото на конвергенција меѓу партнерите од Западен Балкан и ЕУ не напредува доволно брзо, при што просечниот БДП по глава на жител во куповната моќ на нашите партнери од Западен Балкан се движи помеѓу 30% и 50% од просекот на ЕУ.

Интеграцијата со единствениот пазар на ЕУ беше главниот двигател на економскиот раст за сите земји кои се приклучија на ЕУ. Позитивното влијание врз БДП на земјата и нивоата на приходи кои произлегуваат од интеграцијата со единствениот пазар на ЕУ беше јасно покажано во минатото.

Соња Танеска / Градска.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Хаотично заебавање

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ