По речиси четири години во опозиција на предвремените парламентарни избори во Грција, кои се одржаа минатата недела победи десноцентристичката Нова демократија и повторно ја презема власта. Премиерот Алексис Ципрас го призна поразот од неговиот ривал Киријакос Мицотакис.
Нова демократија освои 39,85 отсто од гласовите, а левичарската СИРИЗА на Ципрас е на второ место, со 31,53%. Според прелиминарните резултати, коишто ги објави грчкото министерство за внатрешни работи, Нова Демократија освоила 158 пратенички места, наспроти 86 на СИРИЗА. Парламентот во Грција има 300 пратенички столчиња.
За влијанието на резултатите од предвремените грчки парламентари избори врз македонската политика, билатералните односи и перспективите на Северна Македонија, ЦИВИЛ Медиа подготви опширна тема во која се претставени ставовите на претставници на власта и граѓанскиот сектор, политички аналитичари и на граѓан(к)ите на Скопје и Велес кои одговорија на прашањата во улични анкети.
ЦИВИЛ Тим за комуникации