• Latest

Штрајк на Медицинскиот факултет во Белград, тензично пред Медицински во Ниш

May 5, 2025
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Штрајк на Медицинскиот факултет во Белград, тензично пред Медицински во Ниш

May 5, 2025 10:20
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Медицинскиот факултет во Белград од денеска е во штрајк, за време на кој нема да има испити, како и предавања и вежби.
Таквата одлука беше потврдена на 30 април на мезопленумот – состанок на студенти и наставници, а таа е во согласност и со одлуката на проширениот Ректорски колегиум на Универзитетот во Белград.

Сите други активности се планирани во согласност со Одлуката за минималниот работен процес на Медицинскиот факултет – ќе се извршуваат здравствени услуги, научно-истражувачки активности и специјализации.

Во најновата одлука за штрајк на Медицинскиот факултет во Белград како причини за штрајк се наведуваат „загриженост поради моменталната длабока социјална криза обележана со масовни протести на студентите од поголемиот дел од државните универзитети и факултети во Србија, иницирани од трагичните настани од 1 ноември 2024 година и настаните што следеа, мотивирани од оправдани студентски барања“.

Меѓу другото, по набројувањето на шест студентски барања, во документот се наведува дека вработените на Медицинскиот факултет се „длабоко разочарани од несоодветниот одговор на надлежните и некомпетентните државни органи и институции до кои беа упатени оправдани студентски барања, згрозени од третманот и односот на Министерството за образование кон вработените во образованието на сите нивоа на образование, што се одразува во незаконското оспорување на правото на заработка во претходниот период и други незаконски форми на притисок. Вработените се огорчени од третманот на носителите на највисоките државни функции кои објавуваат очигледни невистини и испраќаат секојдневни навреди и закани кон студентите, соработниците, наставниците, деканите и ректорот на Универзитетот во Белград и другите универзитети во земјата, како и од отсуството на соодветна реакција и исмејување на нападот со ладно оружје врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш и, невиден обид за заплашување на ректорот, деканите и наставниците на Универзитетот во Белград.“

Меѓу другото, тука се и барањата на вработените, од кои едно е да се обезбеди физичка заштита на студентите на Медицинскиот факултет, но и да се запре практиката на вонредни инспекциски инспекции од страна на Министерството.
Дополнително, да се обезбеди завршување на учебната 2024/25 година со исполнување на тие барања.

Од утрово е тензично пред Медицинскиот факултет во Ниш каде студентите блокираат влегување во зградата.

Студентите на Медицинскиот факултет во Ниш утрово протестираат со повик до граѓаните да дојдат и да ги поддржат, бидејќи се загрижени деканот може да ја повика полицијата за да ја пробие блокадата на тој факултет. Граѓани се собраа и пред факултетот, а професори од Слободниот универзитет ја поминаа ноќта на факултетот за да дадат поддршка.

Деканскиот колегиум на Медицинскиот факултет во Ниш претходно им упати предупредување на студентите во блокада дека ќе бидат гонети кривично и дисциплински доколку не ја прекинат блокадата на таа високообразовна установа до 4 мај, пренесува МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ