Поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер упати директен апел до рускиот народ и војниците, објаснувајќи ги лагите зад пропагандата на Кремљ за руската агресија во Украина.
„Вашите животи и вашата иднина се жртвуваат за бесмислена војна што ја осудува целиот свет“, рече Шварценегер во видеото објавено на социјалните мрежи.
I love the Russian people. That is why I have to tell you the truth. Please watch and share. pic.twitter.com/6gyVRhgpFV
— Arnold (@Schwarzenegger) March 17, 2022
Кремљ презеде активности за да ги замолчи они кои не се согласуваат и критички известуваат за инвазијата. Сега е нелегално конфликтот да се нарече војна, а Русија го блокира пристапот до социјалните медиуми, вели Шварценегер.
Русите отсекогаш имаат семејни врски со Украина, додаде Шварценегер. Се проценува дека 11 милиони Руси имаат роднини во Украина.
„Значи, секој куршум што го истрелате, пукате во брат или сестра“, рече тој. „Секоја бомба или секоја граната што паѓа не паѓа врз непријател, туку врз училиште, болница или дом.
Шварценегер рече дека знае како лагите за војната можат да скршат човек. Тој опиша како неговиот татко, Густав Шварценегер, живеел со вина дека се борел за нацистите во Втората светска војна.
„Силата и срцето на рускиот народ секогаш ме инспирираа“, рече Шварценегер, опишувајќи се себеси како „долгогодишен пријател на рускиот народ“.
Тој на крајот им се обрати на Русите кои застанаа на страната на вистината, против воената агресија ризикувајќи строги казни затоа што не се плашат.
Тоа се вистинските херои, тоа е вистинското срце на рускиот народ, рече Шварценегер.
Ј. Ѓ.