• Latest
Фото/ Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

June 20, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

June 20, 2024 20:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото/ Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Фото/ Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.  На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се  разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за севкупната поддршка од САД и ја истакнала подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебната поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели.

Во тој контекст, Сиљановска-Давкова истакнала дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД во НАТО Алијансата, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет, со активно учество во заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани врз мирот во светот.

Потенцирајќи дека евроинтеграциите имаат позитивно влијание за демократската и економската консолидација на земјите од регионот, Сиљановска-Давкова ја посочила потребата од забрзана европска интеграција. Во таа насока, таа истакнала дека пристапниот процес за членство во ЕУ, мора да биде мериторно валоризиран и не смее да трпи политички притисоци од страна на други земји членки.

На средбата претседателката ја потенцирала улогата и поддршката од САД во интензивирање на реформските процеси и истакнала дека земјава и понатаму останува посветена на спроведување на реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во безбедносниот сектор, како едни од нашите највисоки приоритети.

Двете соговорнички, како што е наведено во соопштението, размениле мислења за исходот од Самитот за мир во Украина, за влијанијата и безбедносните случувања во регионот, како и за политиките во интерес на гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот на поширокиот регион.

 

Tags: амбасадорката на САД Анџела АгелерГордана Силјановска-Давкова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ