Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска од 15 часот заедно со нејзиниот тим, ќе подготвуваат оброци за социјално загрозени лица и од ранливи категории. Таа потенцира дека овие активности не сака да ги политизира, меѓутоа нејзината „желба и хуманост“ да им помогне на сиромашните не може да се исклучи од нејзината претседателска кампања. Бидејќи самата вели „во штабот подготвуваме оброци“, а секој оброк што доаѓа од партиските кујни се смета за поткуп на гласачи!
„Во мојот граѓански штаб, со мојот тим, ќе подготвуваме оброци за лица од социјално загрозени и ранливи категории. Ве поканувам да ни се придружите! Доколку сте во можност, ве замолувам да донесете намирници, но и да помогнете во подготовката/пакувањето на оброците.
Неколку пати се обидовме да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да започнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам Претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности.
Иако првенствено ќе работам политиките кои ќе ги креираме да не создаваат сиромаштија и да нема гладни, преку вакви иницијативи очекувам да се промовира солидарност и хуманизам како темелни вредности на уставниот поредок на Македонија“, вели Силјановска.
Бевме сведоци дека гласовите на сиромашните се купуваа(т) за 500 денари, а сега ќе се „купуваат“ со еден топол оброк!?
Дехран Муратов