• Latest

Силна препорака на ЦИВИЛ е да се гласа на Референдумот

September 8, 2018
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Силна препорака на ЦИВИЛ е да се гласа на Референдумот

September 8, 2018 16:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Се интензивира дебатата во јавноста пред референдумското изјаснување на граѓанките и граѓаните на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“. Таа дебата во голем дел е цивилизирана, иако остра и со спротивставени ставови во поглед на целиот процес, но во еден дел е далеку под нивото на пристојноста. Извесни структури се служат со жесток говор на омраза, повици на насилство, црна пропаганда, спинови и лажни вести.

ЦИВИЛ – Центар за слобода воспостави мониторинг на состојбите во општествено-политички контекст од самиот почеток на процесот, со посебен фокус на почитувањето на едно од фундаменталните човекови права, а тоа е правото на глас. Мониторингот на ЦИВИЛ е непартиски, објективен и неутрален, а информациите и сознанијата што се добиваат од теренската работа се достапни за јавноста преку медиумската платформа на организацијата. Различните ставови и анализи се објавуваат во посебни, издвоени рубрики на веб страниците на медиумската платформа и не секогаш се совпаѓаат со ставовите на самата организација.

Воедно, организацијата ја согледа потребата јасно да ја дефинира својата позиција во поглед на Референдумот и да ги повика граѓанките и граѓаните да помогнат во мониторингот, но и во граѓанската едукација за правото на глас и борбата против лажните вести и говорот на омразата.

Важно е да истакнеме дека ЦИВИЛ не се меша во индивидуалните одлуки на своите членови и поддржувачи, како ни во одлуката на граѓанките и граѓаните за тоа дали ќе гласаат ЗА или ПРОТИВ на Референдумот. Цврст став на организацијата е дека треба да се гласа на Референдумот, бидејќи тоа е облик на непосредна демократија и не треба да се пропушти оваа историска шанса да се биде дел од донесувањето на една исклучително стратешка одлука за земјата.

Иако е демократско право на секој поединец, ЦИВИЛ не го препорачува бојкотот како облик на соопштување на ставот, особено во еден ваков процес.

Користењето на говорот на омразата и насилството, клеветите и манипулациите со лажни вести и спинови се неприфатливи и забранети облици на поддршка на која и да е иницијатива, за што релевантните институции се повикани да постапуваат според законот.

Еден од многубројните аргументи против бојкотирање на Референдумот е дека граѓанките и граѓаните не треба да остават другите да одлучуваат наместо нив, туку секој поединец, според своето сопствено убедување, да учествува во носењето на оваа историска одлука.

ЦИВИЛ останува доследен на своите принципи и определби. ЦИВИЛите никогаш ништо не кријат, од никого и од ништо не се плашат да го искажат своето убедување и размислување. Затоа, ЦИВИЛ бара од структурите што шират говор на омраза и лажни вести да престанат со своите напади, бидејќи со тоа го омаловажуваат големото мнозинство граѓанки и граѓани што сакаат да донесат сопствена одлука и да го искористат своето неприкосновено право на глас, па и апстинирање од гласањето.

Говорот на омразата и лажните вести не се соодветен начин на застапување на политички став.

ЦИВИЛ е непоколеблив во своите заложби за човековите права и слободи, секогаш и секаде, јасно и гласно.

Биди ЦИВИЛ!

 


ОНЛАЈН ПРИЈАВА

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА НАБЉУДУВАЧИ

ЦИВИЛ ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Share122TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ