• Latest

„Симни се Началниче, да видиме кој лаже!“

February 11, 2016
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Симни се Началниче, да видиме кој лаже!“

February 11, 2016 15:55
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Стотина граѓани, главно етнички Tурци, денеска во 12 часот протестираа пред Владата на Република Македонија, а потоа, се упатија на протест и пред ТВ Сител, поради навредата која им ја нанесе главниот уредник на оваа телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој во интервјуто со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, меѓу другите навреди, во еден момент, рече: „Лажеш како Турчин!“.

Пред ТВ Сител демонстрантите, меѓу кои имаше и припадници и на други етнички заедници, скандираа: „Латас, излези да се извиниш!“, „Телевизија е или обложувалница?“, „Срам да ви е!“, „Ајде да се кладиме“, „Симни се Началниче, да видиме кој лаже!“, „Оставка!“…

Во знак на револт учесниците на протестот ги закачија знамињата врз паркиран џип, за кој сметаа дека е во сопственост на уредникот Павловиќ. Додека траеше протестот пред ТВ Сител, имаше полициско обезбедување.

Актерот Фирдаус Неби, истакна дека е револтиран од изјавата на Латас дека турците лажат.

„Сакајќи да навреди еден човек, тој без да размисли, ја навреди целата турска нација. Затоа сум овде да го искажам својот револт, и да потсетам дека Турците се најголеми пријатели и инвеститори на Македонија“, изјави Неби.

На протестот пред ТВ Сител беше и Ердоган Сарач, претседателот на партијата Движење за национално единство на Турците и побара и одговорност од Латас, а не само извинување

„Следуваше јавно извинување на новинарот кон Турците во Македонија и Република Турција, но искажуваме сомнеж дека тоа извинување не е личен став на новинарот, туку тоа е направено под притисок на други центри на моќ во државата. Денеска, како критична маса сме тука да кажеме дека тој, во никој случај не може да биде предмет на нашата опсервација, но поради заднината затскриена зад него, сме загрижени за Република Македонија… Исто така, бараме да се огради и ВМРО-ДПМНЕ од него, како нивен трубач. Доколку тоа не дојде, тогаш отворено ќе кажеме дека оваа Влада ја поместува оската и се простува од евроатланската интеграција“, изјави Сарач Тој побара и да реагират од Демократска партија на Турците, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и да побараат одговорност за навредата.

И инцијаторите на спонтаниот протест, во повикот на социјалните мрежи беа децидни дека бараат сите партии со предзнак – турски, во името на партијата, да је прекинат соработката и коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ.

А пратеникот Енес Ибрахим, од Партијата за движење на Турците во Македонија (ПДТ), најави дека ќе ги тужи Павловиќ и ТВ Сител.

„Никакви изнудени извинувања, не можат да ја покријат дамката која ја извалка честа на сите Турци, посебно на нас, кои живееме во Република Македонија. Затоа, јавно соопштувам дека денес, поднесувам тужба против Латас и ТВ Сител, за говорот на омраза и навреда на турскиот народ. Воедно, ја повикувам и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, да излезе со осуда и реакција на оваа фашистичка изјава на гласноговорникот на оваа власт“, рече Ибрахим.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Енес ИбрахимЕрдоган СарачЗоран ЗаевЛатаснавредаПДТТВ СителТурциФирдаус НебиЦИВИЛ. протест
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ