• Latest

Симовски: Не можеме да исполнуваме нечии политички желби, пописот ја отсликува реалноста

October 5, 2021
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Симовски: Не можеме да исполнуваме нечии политички желби, пописот ја отсликува реалноста

October 5, 2021 15:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Секој граѓанин по своја слободна воља ја изрази својата етничка припадност на пописот и никој никому не му вршел никакви притисоци по ова прашање, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Слободен печат“, прашан да ги коментира ставовите на бугарскиот претседател Румен Радев дека на пописот им се вршел притисок на луѓето сакале да се попишат како Бугари. Овој став Радев му го пренел на германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер во телефонски разговор, воочи самитот во Словенија.

„Бугарија ги брани не само националните интереси, туку пред се вредностите на ЕУ, што се темелат на демократија и почитување на човековите права во својот дијалог со РС Македонија. Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права кај нашиот југозападен сосед, што ќе ја забрза европската интеграција на РС Македонија“ нагласил Радев, пренесе неговиот кабинет.

Тој рекол дека „добил сигнали дека се врши притисок врз луѓето кои отворено го искажуваат својот бугарски идентитет, а тоа се случило за време на тековниот попис на македонското население“.

Според директорот на Статистика, на пописот секој можел слободно да си ја изрази својата волја во врска со која било припадност, така и етничката.

– Ние не можеме да исполнуваме нечии политички желби, туку нашата цел е со пописот да ја отсликаме реалноста. Нас не не интересираат ничии калкулации за проценти на население. Единствено ни беше важно населението да има можност слободно да ја изрази својата лична волја и да биде попишан онака како што се чувствува – вели Симовски за „Слободен печат“.

Бугарскиот претседател Радев е последниот во низата кои искажаа забелешки во врска со попишувањето на етничката припадност на македонските граѓани. Претходно се побунија партии и организации на Ромите, Турците, Албанците и на Србите.

Резултатите од пребројувањето законски треба да се објават најдоцна за шест месеци, но Симовски вели дека тие ќе се настојуваат обработката на податоците да заврши и порано.

Според првичните бројки, попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, а во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ