Пописот во април ќе биде теренски, со комбинирано користење на податоци од регистри. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека пописот треба итно да се спроведе бидејќи сите досегашни истражвања се врз база на пописот во 2002, пренесува Фактор.
„Самите излезни резултати кога се пресметуваат како одредени индикатори по жител, на пример БДП по жител, стапки на наталитет, морталитет итн., бидејќи немаме одамна попис, а проценките кои што ги правиме се врз основа на административни податоци и не покажуваат реална состојба на населението вистински, бидејќи недостасуваат миграциите, недостасува иселувањето во странство, што за жал, тешко или поточно невозможно е да се следи статистички и административно. И така ние фактички делиме со поголема маса на население одреден податок за да добиеме некаков индикатор, кој што во суштина е помал од она што е реалната вредност на тој индикатор“, вели Симовски.












