• Latest

Синдикатот на УПОЗ поднесе барање за средба сo Влада, доколку не се постигне договор, не се исклучуваат порадикални чекори

January 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Синдикатот на УПОЗ поднесе барање за средба сo Влада, доколку не се постигне договор, не се исклучуваат порадикални чекори

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ го има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не ги покачува платите на работниците во јавниот сектор. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците?, вели пратеничката Јована Тренчевска, на прес конференција на СДСМ

January 17, 2025 12:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку не се постигне договор со Влада, не се исклучуваат и понатамошни протести, штрајкови и тужби, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на денешниот протест пред Министерството за финансии.

Тој рече дека во изминатите денови, вработените покажале дека и на минусни температури можат да излезат на протести за да ги остварат своите права. Деаноски истакна дека овие денови се изначитале декларативни соопштенија од страна на Владата, преку кои Владата ги канела на средби преку медиумите, а тие формално не добиле никаква покана за продолжување на дијалогот.

– Бидејќи дијалог не се води преку соопштенија и преку медиумите, Синдикатот на УПОЗ денес поднесе формално барање за средба со претседателот на Владата на Р. Македонија. Бараме повторно продолжување на дијалогот што еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии, со одбивање на предложените колективни договори за додатокот на плата, за овие вработени кои се тука со нас, појасни тој.

Деаноски додаде дека вработените очекуваат Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ, за изнаоѓање на решение за нивните барања.

– Во спротивно ќе бидеме приморани повторно да ги активираме протестите, како и да ги искористиме сите со закон дадени можности, за изразување на незадоволството на работниците, до остварување на барањата, подвлече Деаноски.

Зоран Георгиевски, вработен во Министерство за правда, член на синдикатот, рече дека заслужуваат достоинствени услови за живот. А тоа,  истакна тој, не може да се постигне со плати кои не го следат растот на животниот стандард.

– Ние бараме еднаков третман за сите.  Секој вработен, без разлика на функцијата или местото на работа, има право на исто зголемување и исто признание за својот труд. Бараме зголемување на платите за најмалку 30 прпценти, што е минималното што може да се направи, за да се овозможи работниците да го задржат своето достоинство и да обезбедат основни потреби за своите семејства, нагласи Георгиевски.

Притоа подвлече дека не прифаќаат дискриминација и ќе продолжат да се борат за праведно зголемување на платите за сите.

– Бараме вистинска и праведна распределба на ресурсите, што ќе им овозможи на сите работници да живеат со достоинство. Нема да се откажеме додека не го добиеме она што го заслужуваме. Секој работник заслужува да биде вреднуван и наградуван за својот труд, рече тој.

СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, за потпишување на колективните договори и за решавање на проблемите. Власта на Мицкоски и ДПМНЕ го има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не ги покачува платите на работниците во јавниот сектор. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците?, вели пратеничката Јована Тренчевска, на прес конференција на СДСМ.

„Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата. За удобност на власта но не и за поголеми плати за работниците. Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците. Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, работниците живеат се потешко“, вели Тренчевска.

СДСМ бара власта да ги напушти овие погрешни политики и да ги покачи платите на работниците во јавниот сектор.

Дополнително, недозволиво е поради неспособност на актуелната власт околу 1.000 вработени во јавниот сектор се уште да бидат остевани без плата. 988 вработени во инспекторатите власта ги остави без плата токму за празниците.

Власта создаде хасо со измени во Законот за организација и работа на органите на државата управа.

Со распределбата и создавањето на новите министри инспекциските служби власта ги стави под капа на министерствата и не се повеќе самостојни органи.

Цела им беше само да им бидат под контрола работата на инспекциските служби а работниците ги оставија на маргините и целосно ги заборавија.

Фото и видео: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ