• Latest

„Сите за правично судење“: Мониторингот на Судскиот совет забележува континуирано отстапување од законот и стандардите за транспаретно и отчетно работење на оваа институција

May 4, 2023
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

„Сите за правично судење“: Мониторингот на Судскиот совет забележува континуирано отстапување од законот и стандардите за транспаретно и отчетно работење на оваа институција

May 4, 2023 22:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно ја истакнува загриженоста за начинот на работењето на Судскиот совет во последните неколку денови и од мониторингот на неговата работа забележува континуирано отстапување од Законот за Судскиот совет и стандардите за транспаретно и отчетно работење на оваа институција, се вели во посебниот извештај на Коалицијата за денешната седница на Судскиот совет, на која беше избран нов претседател.

„Со оглед на алармантната ситуација во која што Судскиот совет се доведе себе си, повторно укажуваме на тоа дека Советот мора доследно да го применува Уставот, Законот и останатите позитивни прописи на Република Северна Македонија. Во таа насока, Коалицијата изготви посебен извештај со коментари за 439-тата седница на Судскиот совет одржана на 04.05.2023 година, но и за транспарентното работење на Советот во изминатите денови“, се вели во соопштението од Коалицијата.

Седницата на Судскиот совет на која што требаше да се избира нов претседател на Советот, најпрво требаше да се одржи на 02.05.2023 година меѓутоа беше одложена со образложение дека Советот не е во полн состав. Од страна на Советот беше најавено дека навремено јавно ќе биде објавено ново соопштение за нејзино одржување.

„Денес е констатирано дека соопштението за одржување на 439-тата седница на Судскиот совет е објавено само 15 минути пред самото започнување на седницата, што сериозно придонесува кон намалување на транспарентното работење на Судскиот совет, бидејќи ваквото постапување практично ја спречува јавноста да присуствува на оваа седница и истото може да биде протолкувано како обид на Советот незаконски да оневозможи присуство на јавноста на седницата“, се вели во извештајот на Коалицијата.

Коалицијата смета дека ваквиот начин на закажување и објавување на седниците е апсолутно спротивен на транспаретно и отчетно работење на Судскиот совет особено во вакви исклучителни ситуции кога за да биде подобрен имиџот на Советот и судството во целина се потребни исклучителни напори за транспарентност и отчетност во работењето.

Законот за Судскиот совет точно определува во кои ситуациии Советот може да донесе одлука за исклучување на јавноста од седниците. Имено, во член 39 став 2 е наведено дека јавноста може да биде исклучена заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судија, а согласно став 3 кога Советот носи одлука за исклучување на јавноста истиот е должен да ја извести јавноста за причините за таквата одлука. Доколку станува збор за случај во кој Советот треба да донесе одредена одлука по точката за која јавноста би била исклучена, гласањето за одлуката мора да биде јавно исто како и самата одлука за исклучување на јавноста.

„Тргнувајќи од ваквиот начин на уредување на јавноста за работењето на Судскиот совет неминовно се забележува дека Советот повторно го има прекршено Законот во делот што се однесува на јавноста во постапувањето. Имено, денес беше наведено дека пред одржување на 439-тата седница, Советот одржал уште 2 седници зад затворени врати со образложение дека се расправало за сензитивна тема, односно за меѓучовечките односи во Советот, што според Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија не е основ за исклучување на јавноста. Дополнително, од ваквиот начин на постапување на Советот, се забележува и контрадикторно постапување на Советот во иста ситуација. Така, на седницата одржана на 26.04.2023 година, истата оваа точка беше јавна и граѓаните можеа да ја следат дискусијата и одлучувањето по неа, додека пак на денешната седница, иако се расправаше за истата точка, не беше дозволено присуство на јавноста. Дотолку повеќе што Советот согласно законот не објави јавно дека ќе се одржи седница, а воедно ниту даде образложение на причините за носење на таква одлука“, се вели во извештајот на Коалицијата.

Со ваквото постапување на Советот, уште еднаш, посочуваат од Коалциијата, се потврдува фактот за незаконското работење на Советот, како и нетранспарентото работење на истиот што сериозно ги разгорува јавните сомнежи за политички влијанија во истиот.

„Иако Советот наведе дека на веб страната се објавени одлуки за разрешување на Претседателот на Советот, неизбежно е да се нотира дека ниту одлуките за разрешување, ниту пак записниците од одржаните седници не се јавно објавени, туку само е објавено соопштение за повлекување на одлуката донесена на 26.04.2023г. Сепак, се наметнува како поважно прашање од кои причини Советот се обидува на секој можен начин ваквите одлуки да ги донесе зад затворени врати, па дури и со незаконско исклучување на јавноста од својата работа кога одлучува и дискутира за вака специфични прашања кои го засегаат неговото работење?“, нагласуваат од Коалцијата.

Конечно во поглед на транспарентноста на постапувањето, Коалицијата повторно со жалење констатира дека аргументите и образложенијата на дадените гласови „за“ определен предлог се многу апстрактни, општи и генерички, па од истите не може да се добие ниту приближна претстава поради кои причини членовите на Советот поддржуваат определен предлог. Сепак, единствената позитивна практика на постапување која беше поставена денес е што четворицата членови кои гласаа „против“ предлогот побараа да им се овозможи да ги образложат своите гласови „против“, а истото им беше овозможено.

„За жал, еден член на Советот се противеше на ова барање со образложение дека Законот не предвидува обврска да се образлагаат гласовите „против“, а истото воедно е и востановена практика на постапување на Советот. Надоврзувајќи се на споменатите проблеми со транспарентноста, не изостануваат ниту нејаснотии и повреди на постапката за разрешување и избор на претседател на Судскиот совет. Пред сé, неопходно е да се истакне дека седницата на 02.05.2023 година беше одложена бидејќи Советот не бил во полн состав да одлучува за така важно прашање, односно да избира претседател со оглед да не беа присутни сите 13 членови со право на глас додека пак на денешната седница исто така повторно Советот не беше во полн состав, односно 1 член на Советот беше отсутен, но сепак беше одржана седницата и се пристапи кон избор на нов претседател. Ваквото работење на Советот повторно упатува на контрадикторно постапување од нивна страна без соодветно образложение за истото, што го покренува прашањето за интегритетот на членовите на Советот“, подвлекуваат од Коалицијата.

Воедно, на денешната јавна седница на Советот беше истакнато дека на некоја од претходните нејавни седници била повлечена одлуката за разрешување на претходниот претседател на Советот, а потоа била донесена нова таква одлука, овој пат со потребното мнозинство предвидено за избор на претседател, односно 8 гласа „за“.

„Ова покренува прашања за тоа како била повлечена одлуката која формално и не беше
донесена, бидејќи истата не постоеше во писмена форма, ниту пак беше јавно објавена во Службен весник на РСМ и дали истата во меѓувреме предизвикала некакво правно дејство. Дополнително, Законот за Судскиот совет на РСМ не предвидува постапка и можност за повлекување на одлуките, освен укинување на одлуките по претходно поднесена и уважена жалба на истите. Оттука, во отсуство на каква било транспарентност во постапувањето на Советот, се отворија и прашања за тоа во каква постапка била повлечена одлуката за разрешување, врз основа на кои причини и законски одредби било направено истото, како и во каква постапка и врз кој законски основ е донесена новата одлука за разрешување на претседателот на Судскиот совет“, нагласуваат од Коалицијата.

Од аспект на процедуралните пропусти, во дневниот ред за денешната јавна седница отсуствуваше точка за усвојување на записникот од претходната седница, па така без да постои ниту усвоен записник, ниту формално изготвена и објавена одлука за разрешување на претходниот претседател на Советот, што значи дека ваквата одлука сѐ уште не предизвикува правно дејство, беше преминато кон избор на нов претседател.

Конечно, по изборот на новиот претседател на Советот, иако истиот веднаш по гласањето го презема раководењето со седницата, сепак истата беше паралелно водена како од новоизбраниот претседател, така и од заменикот претседател на Судскиот совет, па така и обајцата наизменично одлучуваа кој од членовите на Советот и во која мера може да земе збор за да го образложи својот глас.

„Поради сѐ ова, Коалицијата „Сите за правично судење“ со особена загриженост констатира дека, не само што Советот продолжи да ги заснова своите одлуки на претходно незаконско постапување (неправото не може да стане право), истиот направи дополнителни пропусти во имплементацијата на Законот и стандардите за добро управување кои мора да бидат доследно применувани, особено во случаите кога државата веќе ги започна пристапните преговори со ЕУ, каде Поглавјето 23 е клучен критериум, но и особено во случаите кога судството, а со тоа и Судскиот совет имаат исклучително лоша репутација во јавноста. Во спротивно, секоја идна одлука и постапка на Советот нема да ужива доверба ниту во јавноста, ниту кај судиите како конституенти на Советот“, посочуваат од Коалицијата.

Tags: „Сите за правично судење“Судски совет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ