• Latest

СЈО ќе се решава по летните одмори, единствен успех на власта и опозицијата за новиот закон за ЈО

August 1, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО ќе се решава по летните одмори, единствен успех на власта и опозицијата за новиот закон за ЈО

August 1, 2019 15:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната средба во Министерството за правда ги оддалечи уште повеќе власта и опозицијата околу новиот закон за Јавното Обвинителство со кој треба да се реши и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Двете страни по средбата рекоа дека има многу точки за кои не се согласуваат, а единствено се договорија преговорите да продолжат по 15 август, по завршување на летниот одмор.

“Гледаме дека се подготвени да разговараат, но не и за губење на политичката контрола на Владата врз Обвинителството. Власта не е подготвена за системското решение за законот и да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и поголема доверба од јавноста дека вистински се бори со организираниот криминал и корупција. Ние предложивме некои идеи за структурата и мандатот и тие да не се врзуваат со личности екс официо затоа што согласно законот не може да се гарантиира дека некој ќе биде обвинител”, изјави Милошевски.

Тој додаде дека не може екс официо да се гарантира дека Катица Јанева и другите обвинители, сите вработени во СЈО по сила на закон ќе преминат во ЈО бидејќи се сомневаат дека тие имаат улога во случајот „Рекет“.

Според министерката за правда, Рената Десковска, барањата на ВМРО-ДПМНЕ значат централизација на Јавното Обвинителство преку поврзување на мандатот на сите обвинители со тој на државниот обвинител.

“За жал, решенија кои многу лесно го карактеризираат нивниот закон како ретрограден и сталинистички беа позиции од кои тие не отстапија на денешните преговори. Една од точките е дека бараат целосна строга централизација на системот на јавното обвинителство. Тоа значи мандатите на 27 обвинители носители на јавнообвинителската функција во Македонија да завршатт со завршувањето на мандатот на јавниот обвинител Јовески или кој било друг да биде државен обвинител. Тоа носи силна централизација и значи парализирање на системот”, изјави Десковска по средбата.

Таа обвини дека опозицијата за обид за демонтирање на целата структура на Обвинителството. А за случаите отворени од СЈО, особено оние после 18 месечниот период според неа ВМРО-ДПМНЕ бара да не бидат надлежност на новото обвинителство.

Арбен Зеќири

Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ