• Latest

СЈО, предмет на игра со зборови, попуштање на власта или манипулација од опозицијата?

March 26, 2019
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СЈО, предмет на игра со зборови, попуштање на власта или манипулација од опозицијата?

March 26, 2019 17:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови полемики и игри на зборови околу Јавното и Специјалното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во битката за независно судство и тврди дека власта ги прифатила нивните три принципи, откако Министерството за правда вчера пушти соопштение, па истата денеска ја толкуваше. Кабинетот на Рената Дескоска во вчерашното соопштение тврди и дека принципите се веќе имплементирани, но, исто така, остави простор за развивање и целосно имплементирање на истите.

„Законот кој е во собраниска процедура ги имплементира сите меѓународни стандарди кои се однесуваат на областа на јавното обвинителство и значат заштита на човековите права, кои ја зајакнуваат независноста, неутралноста, отчетноста и ефикасноста во борба со криминалот од страна на обвинителството. Определбата за заштита на овие принципи, не е само определба на Министерството за правда, туку и на Република Северна Македонија која произлегува од нашето членство во Советот на Европа и аспирацијата за членство во Европската Унија. Спремноста за развивање, но и целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, е не само обврска на Владата на Северна Македонија, но треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чија ориентација е европската интеграција”, се вели во соопштението.

Денеска портпаролот на најголемата опозициска партија ова го толкуваше како прифаќање на нивните принципи.

„Добро е што министерството вчера призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо, непартиско, отчетно и храбро Јавно обвинителство кое би работело во заштита на граѓаните врз база на почитување на човековите права, и дека укажувањата од ВМРО-ДПМНЕ е токму во таа насока. Со прифаќањето на трите принципи поставени од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Рената Тренеска Дескоска признаа дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт”, изјави портпаролот Наум Стоилковски.

По оваа реакција Министерството за правда излезе со ново соопштение каде категорично ги демантираше овие изјави и секакво ново прифаќање на принципи и ја обвини опозицијата дека барат амнестија за нивните високи функционери.

„Денеска повторно потсетуваме на неисполнетата обврска од страна на ВМРО-ДПМНЕ и го поставуваме прашањето за причините за тоа: Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува оваа обврска за да не го стави на хартија барањето за амнестија на случаите кои ги води Специјалното јавно обвинителство? Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува оваа обврска за да не ја стави на хартија својата желба за неказнивост на случаите на корупција и криминал од поранешната власт?”, се вели во денешната реакција на министерството за правда. Од друга страна ова министерство како и други претставници на власта најавија дека додека ги чекаат конкретните амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, паралелно ќе ги започнат преговорите и со другите опозициски партии и пратенички групи, Движењето Беса, Алијансата за Албанците и 8-те независни пратеници.

Арбен Зеќири

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ