Стотици сегашни и поранешни израелски воени пилоти во отворено писмо повикаа на крај на војната во Газа за да се ослободат заложниците, објави Скај њуз.
Според потписниците, сегашната војна ѝ служат само на политички и лични интереси, а не на безбедносни. Пилотите на Израелските одбранбени сили (ИДФ) бараат итно враќање на преостанатите заложници на Хамас, по цена на стопирање на војната.
Ова барање на израелските воени пилоти има посебна тежина, затоа што военото воздухопловство на ИДФ е стожер на израелската огнена моќ во сите војни во минатото и сега.
Според претставникот на потписниците на јавното барање, во интервју за Скај њуз, израелското воено воздухопловство е гаранција за безбедноста на сите. Без нивна поддршка, такви гаранции нема.
Околу 15.000 припадници на ИДФ потпишаа слични јавни барања за запирање на војната, вклучувајќи го и разузнавањето, десантните, тенковските и воено-медицинските единици, и специјалните сили.