Светската програма за храна (WFP) на ОН вели дека „орди гладни луѓе“ провалиле во магацин за снабдување со храна во централна Газа, јавува Би-Би-Си.
Се наведува дека две лица загинале, а неколку други се повредени во инцидентот, се вели во програмата, додавајќи дека сè уште се потврдуваат деталите.
Видео снимки од новинската агенција АФП покажуваат толпи како провалуваат во магацинот Ал-Гафари во Деир Ал-Балах и земаат вреќи со брашно и кутии со храна додека се слушале истрели. Не е веднаш јасно од каде доаѓаат истрелите.
Во соопштението, WFP вели дека хуманитарните потреби во Газа „излегле од контрола“ по речиси тримесечната израелска блокада што беше олесната минатата недела.