ЦИВИЛ –Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски форум на народите и Медија дијалог, ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ во Скопје од 8–10 октомври 2025 година.
Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските општества, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет. Преку комбинација од сесии за градење сценарија, панели на високо ниво и работилници, учесниците ќе работат кон заеднички изјави, препораки за политики и стратегии за зајакнување на демократската отпорност и спротивставување на авторитарниот експанзионизам.
Во текот на три дена, меѓународни и домашни партнери — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академци од цела Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави— ќе разменуваат искуства и стратегии за заштита на институциите, заштита на изборните процеси и солидарност со Украина и демократските напори ширум светот.
Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Краток преглед на агендата
Триденвната конференција ќе започне на 8 октомври со сесија за градење сценарија и прес конференции, по што попладнето (18:00 часот) ќе следи Воведниот панел: Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност, што ќе се пренесува во живо на англиски јазик.
На 9 октомври, програмата продолжува со состанок за стратешко планирање, регистрација и изјави пред врата, како и два јавни панела: Демократско назадување – Импликации и последици (10:00 часот) и Изборен интегритет и демократска отпорност (11:30 часот). Попладнето ќе биде посветено на работилници, вмрежување и брифинзи со пренос во живо на двата панела.
Последниот ден, 10 октомври, ќе вклучува тематски работилници за демократијата, Украина, изборниот интегритет и дезинформациите. Во 14:00 часот, конференцијата ќе заврши со презентација на Конечни соопштенија за печатот— вклучувајќи заеднички изјави, првични наоди од проектот „Демократски навигатор“ и следните чекори— на повеќе јазици, со дополнителни брифинзи за печатот достапни на барање.
ЦИВИЛ – Центар за слобода