Покрај иницијативата на ЦИВИЛ „Ти одлучуваш. Гласај!“ за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на излезноста на изборите, стартуваше и кампањата „Не е до нив, до тебе е“. Тоа е кампања што повикува на излезност на изборите, а ја води невладината WakeUp (во превод: Разбуди се) од Скопје.
Главната порака на кампањата е „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“.
Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски – Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Горан Микиќ и Виктор Камнар се дел од кампањата.
Кампањата на “Разбуди се“ вклучува и караван под наслов „Не е до нив, до тебе е“ со настани на 8 и 9 април во Струмица и Штип, а продолжува во неколку скопски општини, како и во Велес, Куманово, Кочани, Битола, Прилеп и Охрид.
Б. Ј.