• Latest

Слабиот моќник на Америка

June 9, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

June 21, 2025

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Слабиот моќник на Америка

June 9, 2025 16:08
in ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТИМОТИ СНАЈДЕР / Project Syndicate

Во изминатите два месеци, финансиските инвеститори наидоа на нова стратегија за тргување, заснована на едноставно правило: TACO – Trump Always Chickens Out (Трамп секогаш се плаши и откажува). Претседателот на Америка се заканува дека ќе наметне огромни увозни царини и за пријателите и за непријателите, или дека ќе го отстрани претседателот на Федералните резерви, само за да се повлече кога камшикот на пазарот ќе ја наметне својата бескомпромисна дисциплина. Тогаш тој се враќа на царините, само за повторно да се повлече.

Тоа е модел што се протега надвор од економијата. Всушност, тоа е дефинирачката карактеристика на претседателството на Доналд Трамп. Но, Трамп не е само „плашлив“. Тој е слаб моќник, а противниците на Америка можеби го разбираат тоа подобро од повеќето Американци.

Многу Американци се плашат од Трамп, па затоа си замислуваат дека и другите мора да се плашат од него. Но, никој надвор од Америка не се плаши од Трамп како таков. Пријателите на Америка се плашат од пироман – некој што го уништува она што другите го создале. А непријателите на Америка го поздравуваат уништувањето предизвикано од Трамп и од Одделот за владина ефикасност на Илон Маск. Кога Маск неодамна се повлече, водечкиот идеолог на Кремљ, Александар Дугин, се пожали на неговото заминување: „Одделот за владина ефикасност направи голема услуга на целиот свет со ликвидацијата на УСАИД, Министерствоту за здравство и Министерството за образование.

Трамп е силен во релативна смисла, откако ќе ги уништи институциите, она што останува е неговото присуство. Но, тој е слаб затоа што, откако ги уништи владините оддели што ги надгледуваат парите, оружјето и разузнувањето, САД немаат вистински алатки да се справуваат со остатокот од светот. Тој игра моќник на телевизија и е талентиран изведувач. Но, неговата сила се состои исклучиво во потчинетоста на неговата публика. Неговата изведба буди сон на пасивност: Трамп ќе го поправи тоа.

Секако, харизмата на Трамп е еден вид сила. Но, не може да се примени на било кој проблем и не е релевантна надвор од САД. Поддржувачите на Трамп можеби мислат дека на Америка не ѝ требаат пријатели затоа што може да ги заплашува своите непријатели без помош. Но, веќе знаеме дека Трамп не може да ги натера Канада или Мексико – а уште помалку Кина, Иран или Русија – да му ги исполнуваат желбите.

Тоа функционира само дома. Со години, Трамп ги користеше митинзите и социјалните медиуми да инспирира случајно насилство против неговите демократски противници. Ова доведе до самочистка на Републиканската партија а создаде послушна група конгресни кадри. Луѓето кои му се потчинуваат на Трамп го доживуваат како моќник, но она што го доживуваат е нивната сопствена слабост. А нивната слабост не може магично да стане сила во поширокиот свет.

Големите букви и извичниците во објавите на социјалните медиуми кои Трамп ги упати кон рускиот претседател Владимир Путин во последните месеци, барајќи од него да ја запре војната во Украина, немаа никаков ефект врз емоционалната состојба на Путин, а камоли врз руската политика.  А поттикнувањето стохастично насилство нема да функционира кај странските лидери. Никој во Иркутск нема да му се заканува или да му наштети на Путин затоа што Трамп објавил нешто на интернет.

Може да се биде дарежлив и да се толкува објава на Трамп во која се заканува со санкции како акт на политика. Но, зборовите се важни само кога всушност постои политика, или барем можност истата да се формулира. Но, за да постои политика, мора да постојат институции со компетентни луѓе. А на Трамп првата политика беше да ги отпушти оние кои би биле компетентни да развијат и спроведат политика. Многу од луѓето кои знаеја нешто за Украина и Русија, на пример, едноставно ги нема веќе во редовите на неговата администрација.

На нивно место дојдоа несигурните напори на Трамп сам да направи отстапки кон Русија во однос на суверенитетот на Украина – без Украина и без никакви сојузници. Не успеа. Неговата позиција беше толку слаба што Путин природно претпостави дека може да добие повеќе и соодветно ја ескалираше руската агресија во Украина. Трамп е овца во облека на волк, а волците можат да ја препознаат разликата.

Тоа е очигледна поента, но мора да биде јасно: никој во Москва не мисли дека Трамп е силен. Дури и да сакаше, Трамп не може веродостојно да ѝ се заканува на Русија без функционални институции и компетентни државни службеници. За да функционираат санкциите, на пример, ќе му требаат повеќе луѓе на работа, а не помалку. Покрај тоа, странските сили ќе треба да поверуваат дека Министерството за финансии е повеќе од играчка на американски милијардер. За жал, нивните разузнавачки агенции читаат весници.

Американците можат да изберат да игнорираат дека државниот капацитет потребен за справување со противниците е искористен и/или доверен на луѓе чија единствена квалификација е апсолутна верност кон Трамп. Но, уништувањето на институциите на американската моќ создава многу едноставна структура на стимулации за непријателите на Америка. Русите се надеваа дека Трамп ќе се врати во Белата куќа токму поради тоа што веруваат дека ги ослабува САД. Сега, додека го гледаат како ги растура ЦИА и ФБИ, ставајќи луѓе како Тулси Габард, Каш Пател и Пам Бонди на чело на разузнавањето и федералната полиција, можат само да мислат дека времето е на нивна страна.

Затоа Путин го игнорира барањето на Трамп за прекин на огнот во Украина и затоа Русија ќе го користи секој прекин на огнот што може да се случи за да се подготви за следната инвазија. Путин е оправдано уверен дека САД кастрирани од Трамп нема да можат да одговорат, дека Европјаните ќе бидат расеани и дека Украинците, по години  на војна, ќе имаат потешкотии да се мобилизираат повторно.

Она што важи за Русија, исто така, важи и за Кина. Слабиот моќник ѝ помага на Народната Република. Времето не беше навистина на страната на Кина пред Трамп. Додека една генерација на Американци се плашеше дека Кина ќе ги надминат САД економски и воено, линиите на трендот во последните години повеќе не се толку јасни, или навистина се свртеа. Но, сега кога Трамп постави курс да го уништи државниот капацитет на Америка, Кина едноставно може да го земе она што некогаш ќе мораше да се мачи да го добие.

Вол Стрит можеби ќе профитира од трговијата на „TACO“  на краток рок, но слаб моќник носи само загуби. Додека поддржувачите на Трамп можеби се во искушение да веруваат дека тој ја направи Америка титан меѓу нациите, спротивното е точно. Како моќник, Трамп ги уништува нормите, законите и сојузите кои ја спречуваа војната. Како слабак, тој ја поканува.

Тимоти Снајдер, автор или уредник на 20 книги, ја држи првата Катедра по модерна европска историја на Школата за глобални работи и јавна политика „Манк“ при Универзитетот во Торонто и е постојан соработник на Институтот за хуманистички науки во Виена.

Превод: Н. Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на ЦивилМедиа. Линк до оригиналот: America’s Weak Strongman.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ