• Latest

Слепите и лицата со оштетен вид ќе добијат апликација со која пишаниот текст ќе го слушаат во аудио форма

April 27, 2021
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија — Што значи тоа?

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Слепите и лицата со оштетен вид ќе добијат апликација со која пишаниот текст ќе го слушаат во аудио форма

April 27, 2021 14:59
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава наскоро ќе добијат апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп верзија, на македониски и на албански јазик. Таа треба да биде завршена за два месеци, а ќе можат да ја користат и лица со потешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма.

„Слепите лица и лицата со оштетен вид првпат ќе добијат функционална современа и соодветна алатка со која ќе им овозможи поголема независност во сите фери на општествениот живот. Пред шест месеци започна процесот на изработка на софтвер апликација за слепите лица и лицата со оштетен вид ќе им овозможи пишаниот текст да го чујат и разберат во аудио верзија. Апликацијата аудио читач ќе биде достапна во мобилна и десктоп верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас кој е несоодветен и нецелосно разбирлив“, рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика јагода Шахпаска.

Таа нагласи дека апликацијата ќе биде бесплата и достапна за сите на македонски и на албански јазик и лесно. Покрај слепите лица, додаде министерката, апликацијата ќе можат да ја користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија кои информациите најдобро ги разбираат во аудио форма.

„Овие лица имаат право за непречена комуникација слободно изразување и слободен пристап до се што ги опкружува. Оваа апликација го овозможува токму тоа – непречна комуникација, непречено движење целосно вклучување во општеството. Целосно ќе го промени начинот и квалитетот на живот на слепите лица и на лицата со оштетен вид“, рече Шахпаска.

 

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН Нарине Сахакјан на прес-конференцијата истакна дека членот 9 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост посочува оти од суштинска важност за овие лица е пристапот до информациско-комуникациските технологии, како едно од основните човекови права.

„Преку нив ќе се оствари и правото на образование, вработување, пристап до информации… Затоа сме многу среќни што сме вклучени во изнаоѓање на вакво решение кое текстот ќе го претвора во говор и со кое ќе се подобри дигиталната пристапност на лицата со попречен вид. Апликацијата ќе биде лесна и едноставна  за користење, на неа ќе може да се праќа електронска пошта, да се слушаат аудио книги“, рече Сахакјан.

За слепите лица и лицата со оштетен вид ова е голем чекор напред во нивното осамостојување и остранување на пречките со кои досега се соочувале.

„Со говорната синтеза многу се подобрува и се олеснува секојдневниот живот на слепите лица во домот, при движењето, при учењето, за вработување, да може да си ги завршуваме сите работни обврски без никакви проблеми да да можат да остваруваат свои приходи“, рече претседателот на Националниот сојуз на слепи, Жарко Селковски.

Со ова дигитално помагало, додаде, ќе бидеме посамостојни во работа и со телефонот и со компјутерот.

МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ