Слободна зона на ЦИВИЛ денеска со Дијана Тахири и Сафит Зеќири:
„Повиците за бојкот на пописот се еднакво глупави и бесмислени и деструктивни, колку што се и наведените причини за истиот. Имено, за причина се наведува глобалната состојба со пандемијата на наше „локално“ ниво, дека граѓаните ќе бидат изложени на евентуално заразување со Ковид-19, кога ќе дојде попишувачот на врата. Дури, се собираа потписи против пописот, и тоа со физичко присуство, на коешто потпишување веројатно во улога на иницијатори и потпишувачи присуствувале луѓе со супер-моќи и супер – имуни на корона! А луѓето од дијаспората, во далечната „проклета да е Австралија“ и Канада, ќе се заразат онлајн?!? Лицемерието на иницијаторите на бојкотот не може да се измери, исто како и глупавоста, и нивна, и на послушните дијаспорци“, пишува Дијана Тахири во колумната Попис, што беше тоа?
„Пред пандемијата да го привлече глобалното внимание, гледавме стотици веб-страници кои ширеа лажни тврдења за здравјето. Сè, од тврдењата дека јадењето јами од кајсија може да го излечи ракот, до тврдењето дека вакцините се биолошко оружје дизајнирано за ширење смрт и болести. Само ако пребаруваме на гугл ќе се појават стотици веб-страници, некои со алармантни имиња, и на прв поглед изгледа дека се е испитувано и за се е дадено зелено светло“, вели Сафит Зеќири во Големата “галама” за 5Г мрежата.
Денешното издание на Дневникот на ЦИВИЛ можете да го прочитате ТУКА