Денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“, повторно се одложи. Причината за одложувањето за 20-ти јули, според адвокатот Насер Рауфи, е целосно промашеното обвинение и неподготвеноста на Обвинителството.
Од Основниот суд 1 известуваат дека барањето за одложување на рочиштето, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција го доставило уште минатата недела.
Инцидентот вокумановското „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година, заврши трагично за осум припадници на безбедносните сили, а имаше и четириесетмина повредени.
Дури и по две години, останаа неодговорени многу прашања за кои одговорот лежи токму во судската разрешница на случајот.
На обвинетите им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок, дела за кои се се изрекува затворска казна од 8 до 10 години, или доживотна казна.
За контраверзите во случајот „Диво Насеље“, во повеќе наврати пишуваше и ЦИВИЛ, потсетувајќи ја јавноста дека сè уште не се знае што всушност, се случи во Куманово, кој е одговорен за смртта на полицајците и ако веќе имало сознанија за вооружен напад, кои беа мотивите да се дозволи „крвавото“ сценарио.