Снимателот на ТВ 21, Ибрахим Мамути, 6,5 часа бил задржан во полициска станица, поради тоа што полицијата се сомневала дека ја снимил судијката од Диво насеље, јави телевизијата.
Мамути за ТВ 21 изјави дека вчера околу 12:30 минути со колегите влегле во судницата за да направат инсерти од обвинетите. Еден од колегите се обидел да ја фотографира судијката, но не успеал во својата намера. Порад тоа што Мамути бил во негова близина, полицијата помислила дека тој ја снимил судијката и веднаш станал осомничен.
Мамути додава дека целиот материјал од неговата камера бил проверен од страна на полицијата, но таа не успеала да најде снимки од судијката.
На прашањето зошто тогаш бил задржан во станица неполни 7 часа, Мамути вели дека не знае.
„Ни самиот не знам. Ни поставуваа прашања, како, што… На крајот се убедија дека немам снимки од судијката и после 5 или 6 часа, ме пуштија“, изјави Мамути.