На 10 февруари ќе се одржи втората трибина „Сеништа и соништа“, организирана од Визионирај, со почеток од 13:00 часот во Кино Фросина во Младинскиот Културен Центар. На оваа трибина ќе зборуваат повеќе личности од јавниот живот кои ќе ги споделат своите визии како можни верзии на животот.
Визионирај е јавна трибина за претставување на визии за подобра заедница, визии од заедницата за заедницата. Нивниот концепт е трибина со визиониери која ќе се случува на секое тримесечје и која ќе биде тематски одредена.
Андријана Папиќ Манчева ќе зборува на тема „Можеме ли без ѓубре?“, Николина Атанасова – „Воведување на телевизиски канал за развој на медиумска едукација“, М-р Наташа Вчкова – „Заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски објекти“, М-р Љубица Шопова – „Концепти за алтернативни книжарници/библиотеки – општествено корисни можности и перспективи“, Мухамед Ајвас – „Ромите – внатре или надвор од општествените шини“, и М-р Лазар Поп Иванов – „Загадувањето на воздухот како прашање од национална безбедност“.
Влезот за настанот е бесплатен.
А.П.