Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден, кој во 2013 година ја откри американската програма за шпионажа, објавувајќи тајни документи, веќе работи како програмер на апликации за мобилни телефони.
Во видео, објавено во петокот, Сноуден покажува нова апликација на чие создавање учествувал и тој лично. Кодот на програмата „Хејвн“ е слободен за преземање и е наменет за активистите, борци за човекови права и други луѓе изложени на ризик.
„Хејвн“ ги користи сензорите на телефоните Андроид за да ги открие промените во просторијата. Програмата била развиена заеднички со Фондацијата за слобода на медиумите и „Проектот Гардијан“.
Реакциите на социјалните медиуми се различни. Некои ги поздравија новите можности, додека други рекоа дека не му веруваат на Сноуден, кој од 2013 година живее во Русија која му даде азил и покрај притисокот од САД да го екстрадира.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.