„Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава“, велат од Министерството за правда.Според нив, очајничките обиди за Законот да се смести скриена амнестија, дополнително ќе придонесе само за продолжување на кривичното гонење ифинализирање на судскитеп остапки против сегашни и поранешни функционери на политички партии.
„Шансите за договор зависат од тоа колку ВМРО- ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Крајно време е Мицкоски да се преиспита што му е поважно: дали европската иднина на нашите граѓани или спасот на оној кој му ја менаџира партијата од Будимпешта“, велат од Министерството за правда.