• Latest

Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!

May 6, 2022
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!

May 6, 2022 12:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Без никакви административни бариери граѓани на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да бараат работа и да се вработат во некоја од трите земји, со помош на идентификациски броеви што се предвидени со иницијативата „Отворен Балкан“.

Ваквиот слободен пристап до пазарот на трудот во земјите на „Отворен Балкан“ ќе биде овозможен со договорите што кон крајот на декември во Тирана ги потпишаа Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев за слободен пристап до пазарот на труд, односно за единствена работна дозвола за сите три земји.

Според оптимистички прогнози, првите идентификациски броеви се очекува да бидат издадени на крајот на мај или почетокот на јуни, што би значело дека уште ова лето може да има голема флуктуација на работна сила во трите земји.

Од домашните надлежни институции потврдуваат дека се работи на усогласување на техничките детали за оваа постапка. Како ќе изгледа таа повеќе информации даде советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ во гостување на РТС.

„Секој граѓанин кој сака да се вработи во една од овие три земји, преку порталот е-Управа ги внесува своите основни податоци: број на лична карта или пасош и други податоци кои потврдуваат дека се работи за таа личност. Преку тој портал добива идентификациски број на ‘Отворен Балкан’, со кој практично стекнува право да конкурира за работа во која било од овие три земји. Очекуваме и се надеваме, на следниот самит на ‘Отворен Балкан’ кој треба да биде во почетокот на јуни во Скопје, да се издадат тие идентификациски броеви, односно лични карти и да почне сезоната за нивна работа во трите држави“, вели Ѓурѓевиќ.

Во согласност со нормите на ЕУ

Постапката треба да биде усогласена во трите земји. Во моментов таа предничи во Србија, а истите технички карактеристики за подготвка на постапката се следат и во Албанија и Северна Македонија. Целта е да има унифициран пристап, но и достапни информации на четири јазици: македонски, албански, српски и англиски.

Повеќе: „Отворен Балкан“ е реакција на неспособноста на ЕУ да си ги одржи ветувањата

Според Ѓурѓевиќ, постапката за добивање идентификациски број не е задолжително да се спроведува од домицилната земја. На пример, ако македонски или српски граѓанин се затекнале во Тирана, тоа ќе може да го сторат и од таму, да побараат и добијат број и веднаш да бараат работа, без да се враќаат дома.

Притоа, ќе се води сметка сите правила да бидат во согласност со нормите на ЕУ.

„Покрај поврзувањето на овие три земји на пазарот на труд, целта е да се направи сѐ што е договорено во рамките на ЕУ. Нашата цел не е да се создаде одвоен пазар надвор од светот, туку пазар кој утре рамноправно може да се приклучи на единствениот пазар на ЕУ“, објаснува Ѓурѓевиќ.

Договорот ќе подразбира поедноставни процедури за влез, движење, престој и работа, а траењето на работната дозвола најверојатно ќе биде поврзана со периодот во кој е предвиден договорот со работодавачот, но за тие детали сѐ уште се разговара.

Од стопанските комори на трите земји и досега стигнуваа пораки дека „иницијативата води кон градење доверба и што е можно посилно регионално поврзување и соработка”.

Дефинирање на придобивките

Во моментов недостигот на работна сила во трите земји најмногу се лоцира во областа на земјоделството, градежништвото, угостителството и туризмот. Прашањето е кој пазар ќе се покаже како најконкурентен и дали, на пример, тоа би значело прилив на работна сила во Северна Македонија, или одлив и на онаа малку што ја има, а досега не успеала да замине во некои од европските земји или прекуокеански земји.

Запрашан како ја гледа улогата на „Отворен Балкан“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српска „Политика“ од 4-ти мај, изјави дека „секоја иницијатива во насока на зголемена соработка – пред сѐ економска, па и политичка, вклучително и иницијативата „Отворен Балкан“ – не е на одмет и може позитивно да влијае на развојот на земјите”.

„Како таква, не треба да се отфрли, но не треба ни да се дозволи таа да биде алтернатива на крајната цел – на европското интегрирање на Македонија. Кога зборуваме за ‘Отворен Балкан’, недостига посериозно дефинирање – што ќе добие Македонија од него. Го разбирам и го препознавам интересот на пријателска Србија, па и на Албанија во овој процес, но недостига попрецизно дефинирање на користа на Македонија од стратегискиот и регионален интерес и кои се позициите на владата, а не само гол маркетинг. Воедно, пат за развој се силна реформа, создавање силни институции и отворена и силна економија“, изјави Мицкоски.

Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Северна Македонија, минатиот месец во истиот медиум, изрази надеж дека „Отворен Балкан” е одлична можност туризмот дa ја отвори вратата за развој и понатамошна економска соработка.

„Оваа ситуација што се случува во Украина, нѐ промовира како сигурен и безбеден регион и не е лошо малку подобро да се претставиме во позитивно светло, да ја подобриме инфраструктурата и да станеме достапни за странците надвор од нашиот регион, за подобро да нѐ запознаат и да создадеме квалитетни услови за живот, работа и стопанска дејност. Мојот впечаток е дека можеби и ние самите меѓусебно не се познаваме толку колку што треба. Нашите земји имаат крајна цел  – да бидат дел од ЕУ. А кога некоја од нив еден ден ќе биде таму – нема физички да се помести во Брисел. Ќе остане на истото место и повторно со соседите ќе мора да ја развиваме најдобрата можност за соработка. Затоа е препорачливо регионалната соработка да ја изградиме и да ја подигнеме на највисоко ниво што побрзо”, порача Ангелоски.

САД ја охрабрува Црна Гора?

Иако беа поканети сите земји од западнобалканската шесторка, досега само три се во иницијативата „Отворен Балкан“. Регионални медиуми објавија дека САД во разговори со новата црногорска влада, наводно веќе го покренале прашањето за пристапување на Црна Гора во „Отворен Балкан“, бидејќи тоа го сметале за чекор кон стабилизирање на прозападниот курс на регионот. Од друга страна, како причини поради кои некои од земјите не се вклучија во иницијативата, беше наведувано токму спротивното – стравување дека зад инцијативата се доминантно српски интереси, а посредно и на нејзини антизападни пријатели.

извор: ДВ 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ