• Latest

Со Мој ДДВ скенирани 15 милиони сметки до сега, караванот денеска во Куманово со Спасовски и Лукаревска

September 1, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со Мој ДДВ скенирани 15 милиони сметки до сега, караванот денеска во Куманово со Спасовски и Лукаревска

September 1, 2019 14:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска со Караванот Мој ДДВ беа во супермаркетот „Кит-Го“ во Куманово, од каде информираа дека досега се скенирани околу 15 милиони сметки, јавува МИА.

-Задоволство е што во Куманово можеме да дадеме поддршка и да го промовираме проектот Мој данок на додадена вредност, исклучително важен проект и за Владата и за граѓаните, затоа што и една од клучните поенти во програмата на Владата беше што е можно повеќе пари да вратиме кај граѓаните. Иако, постоеја различни размислувања околу овој проект и дали тој ќе биде успешен, мене навистина ми е задоволство и сум среќен и горд што имаме успешен проект Мој ДДВ,изјави министерот Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните да  ја симнат апликацијата и да се приклучат кон проектот, да вратат дел од финансиските средства кои што ги даваат на државата како плаќање на Данокот на додадена вредност од една страна, а од втор аспект да се намали нивото на  сивата економија во државата.

– Секој од граѓаните и секаде да бараат сметки за трговија или за која било услуга и за тоа да знаеме дека  преку таквиот начин вложуваме во нашата иднина. Колку пари повеќе ќе се слеат во државната каса, во буџетот, толку повеќе ќе имаме средства во реализација на многу проекти за зголемување на плати, пензии. Едноставно, целата економија започнува да се движи, ова е надежен проект многу важен проект, изјави Спасовски, повикувајќи ги кумановци и граѓаните на државата да учествуваат во проектот и заеднички да сведочат за неговата успешност.

Директорката на УЈП, Лукаревска информираше дека заклучно со првите два месеци од почнувањето на проектот јули и август има 160.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се околу15 милиони сметки.

-Оставрен е промет од скоро 7,6 милијарди денари, а ДДВ-то вкупно, 5 и 18 проценти, имаме околу 834 милиони што значи дека кај граѓаните ќе вратиме околу 125 милиони денари или околу два милиони евра, изјави Лукаревска.

Направена е нова апликација со која граѓаните ќе имаат на увид колку ќе средства ќе си вратат назад во декември, за месеците јули, август и септември.

Лукаревска изјави дека процентот на пријавени неправилности на линијата 198 споредено со лани овој период е за сто пати поголема. Граѓаните секојдневно пријавуваат, за сите населени мета во државата дека има неиздавање на фискални сметки, рече директорката на УЈП, додавајќи дека се реагира, најпрвин со снимање на прометот, бидејќи, истакна не е целта веднаш да се вклучи репресивниот момент, додавајќи дека има подобрување во делот на  даночната дисциплина.

-Ако го видиме моментот на намалување на сивата економија, имаме покачување на ДДВ-то во месец јули, годинава од повеќе од десет проценти во споредба со лани, што е доволен показател дека навистина овој проект  вложува во сузбивањето на сивата економија, рече Лукаревска.

Што се однесува до издавањето на фискални сметки кои се издаваат за горива за фирма, Лукаревска појасни дека доколку фискалната сметка се прикачи заедно со сметкопотврда и е потребна за евиденциите за правното лице, во тој случај не би смеела да биде скенирана.

-Сега со оваа нова веб апликација, доколку има такви случаеви, граѓаните ќе можат да направат и поништување. Врз основа на тоа ќе имаме двојно враќање на средствата, а тоа е на секако даночно затајување на некој начин, истакна Лукаревска.

Караванот Мој ДДВ кој има за цел промоција на проектот ќе продолжи да се реализира и во останатите општини од државата.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ