• Latest

Со поддршка од ЕУ го градиме системот за наводнување Теарце – Обезбедуваме наводнување за нови 300 хектари земјоделско земјиште

July 20, 2022

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со поддршка од ЕУ го градиме системот за наводнување Теарце – Обезбедуваме наводнување за нови 300 хектари земјоделско земјиште

July 20, 2022 13:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик амбасадорот на Европската Унија, Џулијан Васало и градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири денеска извршија увид во изградбата на системот за наводнување Теарце, информираат од МЗШВ.

Системот за наводнување Теарце е дел од проектот за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, финансиски поддржан од страна на Европската Унија. Со овој проект поркај системот Теарце опфатени се и системите Пишица и Конопница, каде изградбат е веќе започната. Вредноста на овие три капитални проекти изнесува 2,3 милиони евра средства обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ.

Изградбата на овој систем помага на повеќе од 120 земјоделци, обезбедувајќи редовно наводнување на земјоделско земјиште. Главен извор на вода од каде ќе се снабдува овој систем е реката Бистрица. Со системот Теарце дополнително се обезбедува наводнување за 300 хектари земјоделско земјиште, опфаќајќи повеќе од 450 парцели на кои се обработуваат различни култури.

Навременото и квалитетно наводнување на земјоделските површини е приоритет на кој како министерство работиме, посочи министерот Николовски во своето обраќање упатувајќи благодарност до Европската Унија за поддршката која министерството ја добива во реализација на овој проект.

„Поддршката која од Европската Унија како држава, но и како министерство, ја добиваме е значајна во развојот на македонското земјоделство. Заедно со поддршрка на Европската Унија, преку ИПА фондовите, работиме и на други капитални проекти преку кои обезбедуваме наводнување на земјоделските површини. Во финална фаза е системот Славишко Поле, а интензивно рабоитме и на систмот Чаушица. Уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на Европската Унија чија вредност е 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за повеќе од 350 хектари земјоделско земјиште. Преку поддршка од ИПА фондовите обезбедени се и средства во вредност од 3,5 милиони евра за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци“, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

МЗШВ и Владата како никогаш до сега вложуваат во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување на земјоделските површини.

Активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реалиизира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години со кој се обезбедува наводнување за повеќе од 4000 хекатри земјоделско земјиште во гевгелиско поле.

Уште еден голем проект на кој МЗШВ работи е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар со кој се обезбедува наводнување за 5.300 хектари земјоделско земјиште.

Реализацијата на овие капитални проекти има за цел да овозможи достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, и најважно да го зголеми приносот и подобри квалитетот на земјоделските култури.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ