• Latest

СЈО: Заменет судијата кој требало да издаде наредби за претрес!

January 31, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО: Заменет судијата кој требало да издаде наредби за претрес!

January 31, 2017 14:06
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека и понатаму продолжува отежнатата соработка со Основниот суд Скопје 1, Скопје. Во соопштението на СЈО се вели дека на 20 јануари 2017 година до дежурниот судија при Одделението за организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1, поднеле неколку барања за издавање наредби за претреси за различни предистражни и истражни постапки. Но, според СЈО, судијата бил заменет со други судии, од непознати причини!

„Во прилог на нашите барања беа доставени докази и разговори од незаконско следење на комуникациите од кои произлегува надлежноста на ова Јавно обвинителство. Иако барањата беа предадени на дежурниот судија, сепак, од непознати причини за СЈО, дежурниот судија беше заменет и барањата беа доделени на други судии на постапување. Одлуки по повод нашите барања беа донесени по истекот на законските рокови, со што постапката се одолговлекува и се оневозможува итност во постапувањето“, соопштуваат од СЈО.

Во соопштението на СЈО се додава дека Законот за кривична постапка предвидува кратки рокови, дека по барањето за издавање наредба за претрес, судијата е должен да донесе одлука во рок од 12 часа, а доколку изрази несогласност, тогаш Кривичниот совет треба да одлучи во рок од дополнителни 24 часа.

„Од страна на судот беше издадена само една наредба за претрес и тоа на ден, 25  јануари 2016 година, при што од наша страна извршен е претрес на една локација во Скопје, за потребите на истражната постапка во предметот под работен наслов ‘Титаник’“, додаваат од СЈО.

Оттаму потенцираат дека сите останати барања за издавање наредби за претрес, кои се однесуваа на сегашни и поранешни високи функционери, се одбиени!

„Судиите за претходна постапка на кои им биле доделени овие предмети, и тоа, судијата Елена Јосифовиќ и судијата Александра Поп Стефанија, изразиле несогласност по барањата за определување наредба за претрес, а кривичните совети во состав – од судиите Љубинка Башеска, Горан Бошевски и Владимир Панчевски, од судиите Владимир Панчевски, Ленка Давиткова и Диана Груевска Илиевска и од судиите Ленка Давиткова, Диана Груевска Илиевска и Ивица Стефановски, ги уважиле изразените несогласности на судиите за претходна постапка“.

Од Специјалното јавно обвинителство укажуваат и дека сé уште не им се доставени записниците, ниту пак снимките од одржаните рочишта од поднесените обвинителни предлози, во случаите за насилството во Општина Центар и за уништената документација во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Д.М.

Tags: одбиени барањаопструкцииОсновен суд Скопје 1претреспробиени роковиСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ