• Latest
Џабир Дерала

Со збор ништо не знаат да решат. Секогаш кога на ред се прашања од суштинско значење за државата, во Собранието има тепачка.

June 28, 2022

Вучиќ пред утрешните протести на студентите: Не го прифаќаме ултиматумот

June 27, 2025
Фото: Militarnyi

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

June 27, 2025
Фото: МИА

САД и Кина потврдија дека постигнале договор за крај на трговската војна

June 27, 2025

Руски агенти осомничени за подметнување пожари на воени камиони во Германија

June 27, 2025
Славјанка Петровска 

Фото: Цивил / Архива

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

Гоцевски за Цивил: НАТО и ЕУ во лавиринт – Македонија меѓу интереси и сојузи

June 27, 2025

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

June 27, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада ќе биде акционер во одморалиштето на Кушнер во Сазан; Уставниот суд на Косово им даде рок од 30 дена на пратениците да го конституираат собранието

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Борејќи се за преживување, Хамас се соочува со бунтовни кланови и сомнежи во врска со Иран

June 27, 2025

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Со збор ништо не знаат да решат. Секогаш кога на ред се прашања од суштинско значење за државата, во Собранието има тепачка.

Не е потребен посебен интелектуален напор за да се дојде до констатацијата дека тепачките, кошкањето, викањето, шлаканиците и навредите, сосе крвавиот и неуспешен обид за државен удар, станаа одлика на работата на Собранието. Собраниската сапунската серија никогаш не завршува. Барем да дојде до некоја „венчавка“! Сепак, „венчавките“ се исклучително ретки, поради бескрајните циркуски игри и предигри што ги одигрува познатиот аматерски политичко-медиумски ансамбл на сцената. Последниот скандалозен настан и не е некоја „голема епизода“ во споредба со претходно набројаните.

June 28, 2022 09:50
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Тепачки, караници, блокади во Собранието и околу него… Зошто сето тоа?

Кратка историја на злосторничкото поведение

На Црниот понеделник, 2012 година, кога се расправаше за буџетот, поточно, за парите на граѓанките и граѓаните, специјалци влегоа во Собранието, ги натепаа пратеничките и пратениците на тогашната опозиција и медиумите и ги исфрлија од пленарната сала.

Имавме и Црн четврток, 2017 година, кога требаше да се избере претседател на Собранието од новото мнозинство што требаше да му стави крај на дивеењето на режимот на вмро и Груевски, имаше крвав напад и обид за државен удар.

Кога се гласаше законот за употреба на јазиците во 2018 година, Никола Груевски физички го нападна претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Имаше тепачки и веење руско знаме пред, а кошкања и закани со убиства на „предавниците“ внатре во Собранието, кога се гласаа уставните измени во јануари, 2019 година.

Од моментот кога започнаа правосудните реформи, тргна и блокадата во Собранието и „специјалната операција“ во медиумите за уништување на СЈО и на кредибилитетот на парламентарното мнозинство во 2019 и 2020 година. На Законот за Јавно обвинителство му требаа речиси две години да се донесе. Првата и верзијата што беше изгласана „троа“ се разликуваа.

Кибриташи

Сите можни трикови од каталогот на кибриташите од Камениот Мост беа употребени за да се одолговлечи и да се осуети секоја можна реформа во Собранието, од оние во правосудството, одбраната, безбедноста и образованието, до оние што се однесуваа на борбата против пандемијата.

Во меѓувреме, македонската јавност беше сведок и на голем број „помали“ инциденти – шлаканици, пцости, туркање…

На Лефков видеото

И на 27 јуни имаше инцидент на седницата на собраниската комисија на европски прашања (!). На дневен ред беа некои, речиси тривијални, законски измени од областа на правосудството (на судиите кои наскоро треба да се пензионираат, требаше да им се продолжи работниот век, до изборот на нови).

Наместо тоа, дојде до кошкање, викање и туркање околу говорницата. Вмровците се мајстори да испровоцираат, а потоа и да цивкаат и да набедуваат дека некој ги тепа и малтретира. Адеми „го лапна блинкерот“ (падна на провокацијата) и тргна да се тепа, но двете дами покрај него, вистинските јунакињи на настанот, спречија ескалација и вистинска тепачка. Снимката и навредливиот коментар од „неутралниот агол“ на вмровскиот пратеник Михаил Лефков, како цунами, ги зафати медиумите. Сепак, за среќа, имаше и такви што ја употребија (и) снимката од ТВ 21 каде што се гледа целата ситуација.

Колешките и колегите што се занимаваат со мониторинг на медиумите, сигурно ќе имаат што да напишат во своите извештаи за начинот на кој се третираше овој инцидент во медиумите.

Колкав интелектуален напор?

Дали е потребен голем интелектуален напор за да се согледа како и – уште поважно – зошто не функционира македонскиот парламент?

Не. Не е потребен посебен интелектуален напор за да се дојде до констатацијата дека тепачките, кошкањето, викањето, шлаканиците и навредите, сосе крвавиот и неуспешен обид за државен удар, станаа одлика на работата на Собранието.

Собраниската сапунската серија никогаш не завршува. Барем да дојде до некоја „венчавка“! Сепак, „венчавките“ се исклучително ретки, поради бескрајните циркуски игри и предигри што ги одигрува познатиот аматерски политичко-медиумски ансамбл на сцената. Последниот скандалозен настан и не е некоја „голема епизода“ во споредба со претходно набројаните.

Ефикасен начин за блокада на демократските процеси

Еден од најефикасните начини да се блокираат демократските процеси во една земја е да се блокира работата на парламентот. Но тоа никогаш не е доволно. На непријателите на демократијата им е потребно постојано уривање и продлабочување на недовербата во таа, најважна, институција во државата.

А кога ќе се урне довербата на парламентот, проблемите „се решаваат“ на сосема поинакви начини и на сосема поинакви места, со поинакви средства.

Сѐ што е надвор од демократските институции е во игра, а секое решение е порозно и податливо на манипулации и злоупотреби. Ете, накратко.

Аматерски игри без граници

И што е заедничко за сите овие настани (инциденти), помали и поголеми? Добро, освен тоа кој ги предизвикува повеќето од нив, сосе крвавиот напад на Собранието, што друго е заедничко?

Па заедничко е тоа што по тие инциденти, никој не зборува за суштината, туку за инцидентот, секој од својот „неутрален“ агол на снимање. Лош е примерот, но еве, тоа е нешто како овогодишното доделување на наградата „Оскар“. Сите зборуваат за шлаканицата што му ја врза Вил Смит на Крис Рок. Филмските достигнувања, дури и Оскарот што го доби Вил Смит, останаа во сенката на таа, не баш филмска, шлаканица.

И сега, ќе се зборува за тоа колку тацни се превртени и колку пцовки се „истрелани“, а не за тоа дека инцидентите во и надвор од Собранието ги организираат или ги поттикнуваат радикалите и криминалните структури во политиката и медиумите. Уште помалку ќе се зборува за законот, за реформите, за политичката култура. А тоа и е крајната цел. Да не се зборува за суштината, туку за евтините циркуски претстави. И се разбира, знаеме кој ќе победи и во оваа мала пропагандна битка, кој ќе биде „насилникот“, а кој кутрата „жртва“.

Сепак, во Собранието тешко дека ќе видиме постапка, а веројатно ни тепачка за „Оскар“. Сѐ се тоа аматерски „игри без граници“.

Punchline

И следниот пат, кога ќе се најави одржување на седница на важна тема или доделување на наградата „Оскар“, гледаноста ќе биде повисока – од погрешни причини – не поради темата (или уметничкото достигнување), туку поради очекувањето од поинаков тип на punchline (ударна линија).

Малку кој, во кругови ограничени на сѐ помалиот број на пристојни луѓе во земјава, ќе го коментира настанот со ладна глава. Не се многумина, за жал, оние што ќе кажат дека никогаш ништо добро не излегло од насилствата. Дека со секој инцидент, со креирање тензии, со блокади и насилства во Собранието или на улиците, ние сме сѐ подалеку од шансите да станеме нормална земја. Но тоа се обично здодевни ликови кои веројатно сѐ уште сонуваат дека ќе дочекаме да живееме во нормална земја, со нормална политичка опозиција. Дури и самиот параграф посветен на тоа е здодевен, нели?

Еве позабавно: Дајте ваму една тацна! Не, не, не ми е за тресење цигари, не пушам! За една глава ми е! Аха, да!

*

ПС. Лефков во својата ФБ објава ги нарече „каубоите“ од власта. Порано, во нивната партија го користеа зборот „Индијанци“. Вмро, сепак, се менува.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ