• Latest

Собранието ќе расправа за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија

July 22, 2021
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ќе расправа за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија

July 22, 2021 09:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на 47. седница на Собранието, која треба да се одржи денеска. На дневниот ред од денешната седница се повеќе предлог закони, како и барања за давање на автентично толкување на членови од повеќе закони.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“.

Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

– Колку што имам информација резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без изговори, очекувам да се надминеме себе си и да покажеме единство кое што мислам дека во периодот кој следи ќе ни биде многу значајно во процесот на отпочнување на преговори со ЕУ и тоа само ќе ги зајакне на позициите на Македонија како држава, потенцираше синоќа Мицкоски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Според него, резолуција во која нема уставно име, нема правна форма.

– Во однос на резолуцијата од првиот ден како министер за надворешни работи се водам од премисата – прво да не се направи штета. И оттука и мојата анализа и мојот став како министер за надворешни работи во однос на прашањето се водеше по тој принцип – кои се бенефитите и која може да биде штетата од тој процес. Затоа прво на што повикав е која било резолуција која треба да ги одрази интересите на државата да биде донесена со консензус. Затоа што макотрпно овие месеци изградивме консензус што ги поминува етничките, идеолошките линии по однос на ова прашање. И тој консензус којшто не често се случува во оваа држава, ни помогна да добиеме речиси ист таков консензус во самата ЕУ, оцени Османи.

Тој апелираше на внимателност таа политика да не добие етничка и партиска димензија, бидејќи, како што рече, може само да ја ослабе нашата позиција.

Премиерот Зоран Заев, пак, ден претходно, изјави дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. Притоа, информираше дека разговарале со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но, притоа мора на дневен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија синоќа изјави дека Резолуцијата која е креирана од МАНУ, УКИМ и МПЦ зборува за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја и нема што да се коригира во неа.

На 15-ти овој месец претседателот на Собранието Талат Џафери од собраниска говорница соопшти дека предложената Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница.

Пратениците денеска треба во второ читање да ги разгледаат и предлог законските решенија од повеќе закони, помеѓу кои и Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Предлог на закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

По скратена постапка на дневниот ред се и Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на КОВИД-19, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, Предлог на закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на закон за изменување на Законот за домување, Предлог на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 врз производството и откуп на тутун, Предлог на закон за изменување на Законот за животната средина, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија,

На дневниот ред е и Предлог за именување член на Регулаторната комисија за домување како и првото читање на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Предлог на закон за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерството за внатрешни работи и безбедносно разузнавачки служби.

Од денешната седница е повлечен материјалот за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

На денешниот дневен ред, пратениците ќе расправаат и за неколку барања за автентично толкување, помеѓу кои се: Барање за давање на автентично толкување на член 3 точка 8, член 19 и член 20 од Законот за приватните агенции за вработување, а во врска со членот 112 став (5) од Законот за работните односи, Барање за давање на автентично толкување на членот 44 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор и Барање за давање на автентично толкување на член 19 став 1 точка 4 во врска со Член 18 став 1 и член 83 став 1 од Закон за пензиско и инвалидско осигурување.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ