• Latest

Собранието на Косово денеска ќе гласа за нова влада

June 3, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието на Косово денеска ќе гласа за нова влада

June 3, 2020 10:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Косово денеска ќе одржи вонредна седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, за составот на новата Влада на државата. 

Претседателството на Собранието одлучи да ја свика седницата за денеска во 11 часот, откако претходно, во понеделникот, Уставниот суд на Косово ја објави одлуката, со која се оцени како уставно доделувањето на мандатот на кандидатот за премиер од редовите на второрангираната партија од последните избори, ЛДК, од страна на претседателот на државата, Хашим Тачи.

ЛДК и Хоти објавија дека го обезбедиле потребното мнозинство од 61 глас во Собранието, откако, по изгласувањето на 25 март недоверба на досегашната Влада, предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, постигнаа договор за коалиција со досега опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдемократска иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, како и со партиите на српската и на другите немнозиснки етнички заедници.

Иако не одговори на неколкуте повици на Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, ВВ го оспори пред Уставен неговото право да го додели мандатот на друга, освен на партијата победничка на изборите и тврдеше дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на Ковид-19.

Минатиот четврток, на 28 мај, Уставниот суд го отфрли барањето на ВВ, а завчера ја објави и целосната пресуда, со што му се овозможи на Хоти да ја формира новата влада.

Од досега владејачката ВВ најавија дека на денешната собраниска седница ќе реагираат „согласно мандатот добиен од граѓаните“, но одбија да одговорат на новинарските прашања за тоа какви дејствија ќе преземат и дали ќе ги повторат акциите со фрлање солзавец во собраниската сала, како што тоа го правеа како опозиција во 2015 година, кога се одлучуваше за демаркацијата со Црна Гора.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    187 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ