• Latest

Собранието почнува со работа

January 8, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието почнува со работа

January 8, 2019 09:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието  на Република Македонија денеска ќе се одржи 71-та седница, на којашто пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за платниот промет, на Законот за задолжителни нафтени резерви и на Законот за поштенските услуги, како и за изменување и дополнување на Законот за банките и на Законот за Управата за јавни приходи, петте по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавка на нови автобуси за Град Скопје, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, по скратена постапка, и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, на Законот за студентскиот стандард, и на Законот за заштита и благосостојба на животните, како и Предлог законот за фитофармација, сите во прво читање.

На седницата треба да се расправа и за Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2019 година и Предлог одулуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на РКЕ за 2019 година, како и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2017 година.

По средбата на претседателот на Беса, Билал Касами со премиерто Зоран Заев, на која разговарале за барањата во амандманите што ги поднесоа Беса и Алијансата за Албанците, денес е предвиден состанок  на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од БЕСА,на кој треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.

Лидерот на Алијансата на Албанците и пратеник Зијадин Села најави дека денеска во Парламентот ќе има средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава Зоран Јанковиќ, на која се очекува тема да бидат токму Преспанскиот договор и уставните измени. По оваа средба, неофицијално, Села ќе се сретне и со Заев.

Заев изрази оптимизам дека сепак ќе успее да го обезбеди потребното мнозинство во македонското Собрание пред финалното гласање на уставните измени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа. Сепак, вели, поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

Главните барања на БЕСА се да се прецизира дека државата не е моноетничка, како што имплицира делот „македонско државјанство“, како и во делот на дијаспората. Од Алијансата бараат албанскиот јазик и неговото писмо да се употребуваат на целата територија на државата, по зборовите „самостојна, суверена“ да се додаде „мултиетничка“, а зборовите „македонскиот народ“ да се заменат со „граѓани“, за да се истакне мултиетничкиот карактер на државата.

Последната фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува утре кога е закажана седница на Собранието на Република Македонија, за усвојување на уставните измени. За да помине текстот на амандманите на Уставот предложен од Владата треба да биде поддржан од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом или од 80 пратеници.

Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ