• Latest

16 јануари: Собранието стана независно, најава за изградба на два километри автопат, поддршка за ЕУ членството…

January 16, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 јануари: Собранието стана независно, најава за изградба на два километри автопат, поддршка за ЕУ членството…

January 16, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пратениците го изгласаа законот за независност на Собранието

Со 82 гласа за од вкупниот број на пратеници и 22 гласа за од пратениците од немнозинските заедници, пратениците ги изгласаа измените на Законот за Собрание. Со овие измени кои се донесоа конценсуално од сите партии, Собранието добива поголема независност со тоа што добива независен буџет, самостојно обезбедување и поголема независност во вработувањето на администрцијта.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, апелира претставниците на политичките партии да го почитуваат повикот на преставниците на ЕУ и да изнајдат решение за Законот за Јавно Обвимителство. Тој рече дека Собранието може во секој момент да го донесе Законот за јавно обвинителство, доколку партиите ги надмимат разликите предходно.

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се потпиша Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. Договорот го потпишаа директорот на ЈП за Државни патишта, Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски. На настанот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

БЛИЦ: Министерката Мизрахи не ги виде мизерните услови во Специјалниот заводот Демир Капија во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Дехран Муратов: Добро е што техничката министерка конечно прогледа што оставија во наследство нејзините сопартијци во 11 годишното владеење. Тие ниту ѕидовите не ги офарбаа од 2006 до 2016 година додека беа на власт.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се потпиша Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. Кординатор на проектот е вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Не е мала работа да се изградат цели два километри автопат, изградбата се планира да трае една и пол година.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, јасно им кажа на пратениците дека ЕУ бара од нас да го донесеме Законот за Јавно обвинителство. „Ако пораката на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние е дека Законот за јавно обвинителство е многу важен за добивање на датум за преговори, тогаш политичките партии треба да ги надминат бариерите и да се договорат“, рече тој.

Во Собранието, пратениците ги изгласаа измените на Законот за Собрание, со кој Собранието добива поголема независност – независен буџет, самостојно обезбедување и поголема независност во вработувањето на администрцијата.

Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, ја повика техничката министерка Рахела Мизрахи на конструктивност и да работат заедно во интерес на граѓаните. Таа ги уверува граѓаните дека новата Техничка влада нема да има никакво влијание и нема да се одрази негативно врз нив и реформскиот процес. Сите права од областа на социјалната, детската заштита, социјалната заштита ќе продолжат да се исплаќаат редовно. Но, дали министерката Мирзахи ќе ја зграпчи подадената рака за соработка и ќе биде министерка на сите граѓан(к)и, или ќе продолжи со партиската задача и насоки, останува да видиме.

Продолжува подршката на нашата земја за отпочнување на преговорите со ЕУ. Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, која го претстави хрватското претседавање со ЕУ во наредните шест месеци, рече дека Хрватска, седум години по влезот во клубот на ЕУ, првпат го презема претседавањето и како најмлада членка има шанса да ја обликува европската политичка агенда. Таа нагласи дека секогаш можеме да сметаме на силна политичка поддршка од Хрватска на нашиот пат кон ЕУ. И лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук напиша дека единствената алтернатива на РС Македонија е ЕУ.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, која го претстави хрватското претседавање со ЕУ во наредните шест месеци, рече дека Хрватска, седум години по влезот во клубот на ЕУ, првпат го презема претседавањето и како најмлада членка има шанса да ја обликува европската политичка агенда. Амбасадорката посочи дека за време на хрватското претседателство, но и во годините што доаѓаат, Хрватска ќе продолжи да ја нагласува потребата од забрзување на процесот на пристапување со Северна Македонија. Бидејќи, како што кажа, македонскиот народ отсекогаш се смета за пријател на нашата земја, и јасно докажа дека припаѓа во европското семејство.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ новата 2020 година ја стартува со два семинари за транспарентни и одговорни политички процеси наменети за Полошкиот и Југоисточниот плански регион.

Семинарот во Гостивар ќе се одржи на 25 јануари, во хотел Бунар (во центарот на Гостивар), а право на учество имаат апликантите од општините во Полошкиот плански регион: Гостивар, Тетово, Врапчиште, Брвеница, Желино, Боговиње, Теарце, Јегуновце, Кичево, Маврово и Ростуше.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Гостивар.

ОД НАШ АГОЛ

Што сакаше, добога, да каже Мицкоски?!, прашува Сашо Орданоски во својата колумна, додавајќи: „Мицкоски му става „жежок компир“ во рацете на својот технички министер во МВР: наместо да се занимава со возниот парк во Министерството, да не треба г. Чулев да се занимава со истрага за бегството на Груевски од земјава? И така сериозни безбедносни кругови шпекулираат дека тој, наводно, бил последниот висок безбедносен службеник кој разговарал со Груевски пред нему да му се изгуби трагата накај Будимпешта“.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да постои ако не е на власт. Во нивниот код е да владеат по секоја цена, инаку ќе се распаднат. Владеењето за нив е богатење без мерка, злоупотреба на власта за уживање во садистичките пориви и лечењето на личните фрустрации и комплекси. Нема идеја, нема концепт, нема став или стратегија, туку само крвожедност и болна потреба од голо, авторитарно, садистичко владеење и експлоатирање“, пишува Џабир Дерала во својот рафал – Предоцна е за извинување и каење.

Зоран Иванов во својата колумна бара од Зоран Заев кој вети, а не запавта со метлата, во предизбориево посилно да замавне барем со рачката.

Дехран Муратов

Во соработка со: Џабир Дерала, Биљана Јордановска, Ангела Петровска, Сашо Орданоски, Зоран Иванов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ