Предлог законот за Јавно обвинителство на собраниска седница ќе се најде на 27 август, со европско знаменце, по скратена постапка.
Владата го достави до предлог -законот за ЈО до Собранието на 23 јули, а вчера премиерот Зоран Заев изјави дека најдобро би било да се изгласа до 6 септември, за што му се потребни двотретинско мнозинсто, за да не се решава на непосакуван начин.
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека за нив е неприфатливо предметите за кои е поднесено обвинение до 30 јуни 2017 да бидат превземени од новото обвинителство.