Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја наместа облачноста ќе се зголеми.
Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната температура од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. Во недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. (МИА)