• Latest

СОНК е Голијат, Давид носи пелени

August 30, 2019

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

СОНК е Голијат, Давид носи пелени

Како СОНК дејстуваше во последните 10 години? СОНК беше репрезентативен синдикат кога екстерното оценување овозможи да се прават списоци со казнети наставници, затоа што нивните оценки не се совпаднале со а-б-ц-квизот – уникат на светско ниво. СОНК беше тука кога се донесе Законот за заменски наставници кој верувам дека се коси со уставното право на штрајк

August 30, 2019 10:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВЛАТКО СЕКУЛОСКИ

Секој граѓанин мора да плати данок на државата, а секој лекар, адвокат, нотар инт. мора да членува  и плаќа во соодветната комора. За разлика од монополон на претходно наведените институции кај синдикатите владее пазарна конкуренција, тие мора да се борат за членство, а работниците можат да одлучат и да не членуваат во ниеден синдикат. Сепак еден синдикат од образованието, со новиот Закон за основно образование, е повластен како ниеден друг синдикат во било која област. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура ја изгуби репрезентативноста во науката и културата, но репрезентативност во образованието ја зацементира со закон. Ова е еден краток осврт на тоа како тој синдикат дејствува и за што придонесува со неговите начин и на дејствуавање.

Најпрво мојата омилена тема – транспарентноста. Колку трошат членовите на една институција, владина или невладина, кај нас е познато само за владата. Ако се разгледаат статутите на речиси сите синдикати и комори се забележува дека само мала група на луѓе, т.е. надзорниот одбор (3-5 луѓе) знае колку се трошат за плати, службени ручеци и службени патувања. Членовите не знаат. Тоа е посебно апсурдно кај синдикатите затоа што таму постои конкуренција, па ако не сте задоволни од нетранспарентноста може да се исчлените. Парадокслано и тажно е тоа што во 28 години градење демократија, конкуренцијата не доведе до појава на синдикат кој проактивно ќе ги објавува трошоците како што ги објавува владата (види линк). Таквата недоволна свест за транспарентност од долу е индикатор дека темелите на нашата демократија се трули. Транспарентноста е исто интересна ако се примени и наназад, па ако знаете кој историски лик како се финансирал, тогаш и само тогаш го знаете делот кој не е приказна. Исклучок е само Стопанската комора, тоа е единствената институција чии членови имаат поголем степен на финансиска писменост, па според статутот секоја година се прави ревизија на работата на раководството, иако не е јасно кој има пристап до ревизорскиот извештај.

Како СОНК дејстуваше во последните 10 години? СОНК беше репрезентативен синдикат кога екстерното оценување овозможи да се прават списоци со казнети наставници, затоа што нивните оценки не се совпаднале со а-б-ц-квизот – уникат на светско ниво. СОНК беше тука кога се донесе Законот за заменски наставници кој верувам дека се коси со уставното право на штрајк. Сепак, тоа не беше „залудно“, со подзаконски акт на претходната власт, СОНК т.е. репрезентативниот синдикат, стана дел од општинска комисија која одлучува за трансформација на работниот однос од неопределено во определено работно време. Со сегашната власт, таа привилегија СОНК ја зацементира со новиот Закон за основно образование.

                                       Трансформација на работниот однос
Член 89

(1) Во дејноста на основното образование трансформацијата на работниот однос од определено во неопределено време е дозволена само ако:
– воспитувачот има работен стаж повеќе од две години во воспитно-образовна установа верифицирана од министерството, со прекин или без прекин,
– воспитувачот е на работното место за кое се бара трансформација, испразнето по основ на пензионирање, отказ, смрт или други основи и се обезбедени финансиски средства,
– воспитувачот ги исполнува условите предвидени во нормативот за воспитувач,
– работодавачот утврди дека има трајна потреба од воспитувач и истото нема да предизвика технолошки вишок,
– воспитувачот има положен стручен испит и
– е добиена согласност за трансформација на работен однос од Министерството.

(2) Барањето за трансформација на работен однос, училиштето го доставува до Комисијата за трансформација на работен однос (во натамошниот текст: Комисијата за трансформација), која ја формира градоначалникот на општината, односно министерот за државните основни училишта и е составена од три члена, и тоа: по еден член од општината, односно Министерството, Државниот просветен инспекторат и репрезентативниот синдикат за образование. Претседател на комисијата за трансформација е претставникот од Државниот просветен инспекторат.

(3) Комисијата за трансформација се формира за период од три години.

(4) Кон барањето за трансформација на работниот однос, училиштето до Комисијата за трансформација доставува:
– извештај за остварен работен стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија,
– изјава од директорот на училиштето дека постојното работното место за кое се бара трансформација е испразнето по основ на пензионирање, отказ, смрт или други основи и се обезбедени финансиски средства

Тоа е привилегија уникатна меѓу синдикатите, па сега оди трансформирај го работниот однос без да бидеш чен на синдикатот кој одлучува за трансформацијата. Да разгледаме на што можеби се должи тоа со две шпекулативни претпоставки.

Претпоставка 1: СОНК ги зголеми своите привилегии во таен договор со власта, па ќе штрајкува за да си игра синдикат со своите членови.

Претпоставка 2: СОНК потајно излобира зголемување на своите привилегии преку луѓето што го подготвуваа законот, па сега со штрајк си игра со власта и е во позиција да си игра уште повеќе.

Да се вратиме на фактите. СОНК е инстутуција, СОНК е сила, СОНК 24/7 решава една проблематика. За разлика од полицајците (чија плата е повисока од таа на наставниците), секретарите, благајниците и многу други во јавниот сектор што можат да добијат работен однос на неопределено време од првиот ден на работа, наставниците не можат. Дали изненадува тоа што наставниците се најбројни во партиските автобуси за митинзи? Со културата на неинформираност и пасивност СОНК не придонесува кон создавање на информирани интелектуалци кои ќе бидат активни граѓани. Со тоа што само надзорниот одбор знае колкави се платите на вработените и колку се троши за службени патувања и ручеци СОНК создава интелектуалци кои се сомневаат во демократијата, па прашуваат за сѐ, освен за транспарентноста. Да сумираме, тоа што СОНК го доби со новиот закон за образование, го нема добиено никој синдикат од ниедна стопанска и нестопанска гранка. На извесен начин СОНК е најуспешниот синдикат и не постои институција што може да му парира. Дали СОНК 24/7 работи на зацврстување на правата на наставниците или на цементирање на позицијата на оние чии плати се тајна – нека остане прашање за јавна дебата.


Авторот е наставник по англиски јазик во ООУ „Пецо Даскалот“ во Долнени.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share124Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ