Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на 17 јануари во 5 до 12 организира социјален протест пред Владата на Република Македонија.
Како што велат од СОНК, протестот е израз на незадоволство за односот на актуелната власт кон репрезентативните синдикати и неможноста да ги остварат совите социјални барања поради отсуство на дијалог.
Преку протестот, СОНК и КСС ќе побараат повисоки плати, исплата на К-15 во јавниот сектор, како и почитување на колективните договори.
Б.Ј.