Тројца од петте членови на Советот кој одлучил да ја прифатат жалбата на Орце Камчев и да го ослободат од куќен притвор биле Албанци, а еден од нив е Шпенд Деваја, сопругот на подпретседателката на ДУИ, Теута Арифи. Освен него во Советот членувале и Џемаил Саити и Африм Фидани. Тројцата судии заедно со Јово Вангеловски одлучиле по жалбата која Камчев ја поднел против одлуката на Основниот и Апелациониот суд.
Овој случај веќе се истражува од Јавното Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција под кодираното име “Рекет”, а две лица се осомничени дека побарале подкуп од обвинетиот во случајот “Империја” милионски суми со ветување дека ќе го пуштат од притвор.
А. Зеќири