• Latest

Сослушан првиот сведок за набавката на луксузниот мерцедес

March 12, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сослушан првиот сведок за набавката на луксузниот мерцедес

March 12, 2018 14:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ сведочеше вработен во Агенцијата за разузнавање, кој во 2012 година бил државен советник за управување со човечки ресурси во кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Тој побара јавноста да биде исклучена од рочиштето зашто, како што рече, работел во Агенцијата за разузнавање и оти може да открие државна тајна, но судијката Добрила Кацарска го одби предлогот.

Обвинителите на СЈО се спротивставија на тоа барање, бидејќи како што рече Гаврил Бубевски од СЈО, не планираат да поставуваат прашања што се однесуваат на безбедноста на државата.

Сведокот рече дека бил член на Комисијата за јавни набавки, која одлучувала за набавката на мерцедесот. Истакна дека Комисијата утврдила оти понудата е во согласност со спецификацијата и оти стигнала само една понуда што ги содржи сите елементи.
На денешното рочиште треба да сведочат пет сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тенк“ за злоупотреба на службената должност обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката Јанкулоска да спроведе јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Кривичен СудСведокСЈОТенк
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result