• Latest

Состојба со Ковид-19 во светот до 12 часот

April 12, 2020

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Состојба со Ковид-19 во светот до 12 часот

April 12, 2020 12:33
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.787.242 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 109.288, а оздравеле 406.138 луѓе.

Јужна Кореја – Во Јужна Кореја, во последните 24 часа се пријавени 32 нови случаи на инфицирани со што продолжува трендот на намалување на дневниот број на заразени лица. Центарот за контрола и превенција на инфективни болести соопшти дека вкупниот број на заразени лица се искачи на 10.512. Бројот на жртвите се зголеми за три на 214. Досега се опоравиле 7.368 пациенти во земјата.

Саудиска Арабија – Кралот на Саудиска Арабија одобри продолжување на полицискиот час поради брзината со која се шири вирусот. Полицискиот час беше воведен на 23 март од седум часот навечер до шест часот наутро за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Минатата недела Саудиска Арабија воведе 24-часовен полициски час во Ријад и другите поголеми градови. Регистрирани се 4.033 случаи на заразени и 52 смртни случаи пријавени во таа земја

Мексико – Во Мексико се регистрирани 375 нови случаи на коронавирусот, вкупно 4.219 заразени. Министерството за здравство соопшти дека 273 лица починале досега од вирусот.

Црна Гора – По анализатна 141 примерок во лабораториите на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови четири случаи на инфекција со новиот коронавирус. Досега се регистрирани 267 заразени со тој вирус во државата.

Украина – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Украина е зголемен за 266 лица на 2.777 во изминатите 24 часа. Досега се регистрирани 83 смртни случаи, додека оздравеле 89 пациенти.

Во Њујорк 85 лица биле хоспитализирани поради коронавирусот вчера, што е најмал број од 16 март, изјави гувернерот Ентони Куомо и додаде дека на почетокот на овој месец тој бил повисок од 1.000.  Во тој град 400 луѓе ги загубија животите во петокот и саботата, рече Куомо, потсетувајќи дека пред четири дена 1.000 луѓе починале за 36 часа во градот.

Kина – Властите соопштија за уште 99 случаи на инфекција со коронавирусот, од кои 97 се наоѓаат во провинцијата Хелонгџианг на границата со Русија. Нема пријавено смртни случаи. Досега во Кина починаа 3.339 лица од вкупно 82.052 заразени со вирусот. Други 1.168 лица се изолирани затоа што се тестирани позитивни за вирусот, но не покажале никакви симптоми на болеста.

Бугарија – Бугарите од денеска ќе треба да ги покриваат устата и носот со заштитни маски, според наредбата донесена бидејќи владата стварува од зголемување на бројот на заразени за време на велигденските празници. Владата сака задолжително носење маски на јавни места задолжително до 26 април, а од оние кои немаат маски се очекува да најдат друг начин да ги заштитат своите дишни патишта.

Русија – Во државата се регистрирани 2.186 нови случаи на заразени со коронавирусот. Тоа е најголем број за еден ден од почетокот на епидемијата. Вкупниот број заболени е 15.770. Бројот на смртни случаи е зголемен од 24 на 160, соопшти рускиот Кризен центар за борба со Ковид-19.

Филипини-  Регистрирани 50 нови смртни случаи од коронавирусот, што е највисока цифра за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број смртни случаи во таа земја е зголемен на 297. Пријавени се 220 нови случаи на заразени, со вкупно 4.448.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ